×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се судриле камион и автомобил на автопатот во Романовце

    18.08.2016 15:18 | KumanovoNews

    Камион со српски регистарски таблички и патнички автомобил со бугарски национални ознаки се судриле попладнево на автопатот Куманов-Скопје, во близина на наплатната рампа Романовце.

    Се судриле камион и автомобил на автопатот во Романовце

    Сообраќајната несреќа се случила додека двете возила се движеле кон Скопје. Во моментото кога требало да се престројат во една коловозна лента, поради градежните работи на патот, возилата се судриле. Во судирот возачот на автомобилот се здобил со тешки повреди, а сопатникот со полесни. Возачот на камионот останал неповреден.

    Извршен е увид на лице место и се утврдуваат причините за несреќата.