Се запали мотор возачот тешко повреден
01.07.2016 17:33
| KumanovoNews
Едно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа што попладнево се случи на стариот пат Куманов-Скопје во селото Умин Дол.

Несреќата се случила по 15 часот, кога возачот З.В.(38) додека се движел со мотор хонда не успејал да фатил кривина, по што излетал од патот и удрил во бетонски столб. При тоа моторот се запалил, а возачот се здобил со сериозни повреди по телото. Со возило на Итна помош пренесен е во Кумановската болница, но поради сериозноста на повредите прфрлен е на лекување во Скопје. Пожарот на моторот го изгаснала противпожарната единица. Увид врши полицијата, по што ќе излезе со детали за несреќата.