Со германски пари ќе се опреми кабинет по моден дизајн
10.05.2016 08:44
| KumanovoNews
Средното училиште „Перо Наков“ ќе добие финансиска помош од германската амбасада за набавка на кабинетска опрема.

Договорот за финансирање на опрема за кабинет по моден дизајн во висина од 3.687 евра е веќе потпишан.
Текстилната и чевларската индустрија имаат долга традиција во Куманово, а опремата на училницата за моден дизајн претставува поддршка за подобра квалификација во струката на учениците од училиштето „Перо Наков“.
Германската поддршка е дел од средствата на Сојузното министерство за економска соработка и развој, со кои се поддржуваат мали проекти во рамките на техничката соработка.