×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Со велосипедска трка одбележана Европска недела на мобилност

    20.09.2016 15:14 | KumanovoNews

    Од 16 до 20 септември се одбележува Европска недела на мобилност.

    Со велосипедска трка одбележана Европска недела на мобилност

    По тој повод денеска во Куманово се организираше велосипедска трка на булеварот Октомвриска револуција на која учествуваа ученици од основните училишта „Кочо Рацин“ и „Христијан Карпош“.

    „Целта на овој настан е промовирање на алтернативен начин на превоз, односно користење на организиран градски превоз, користење на велосипеди и пешачење. Целта е да се промовира здравиот начин на живот, во здраво тело здрав дух. Овој настан се одлежува во 48 земји во светот, а во Европа се вклучени 2345 градови, - вели Цветанка Арсиќ од Одделението за заштита на животната средина.

    Манифестацијата се одржува под покровителство на Министерството за животна средина, а во организација на Одделението за животна средина и Секторот за образование. Трката за отворена ја прогласи градоначалникот Зоран Дамјановски.  

    „Куманово не е препознатливо по голем број на велосипедски патеки, меѓутоа оваа и соседната улица имаат можност за ваков вид на сообраќај. Велосипедизмот е во подем и апелирам до граѓаните наместо автомобили кои ја загадуваат животната средина да користат вакви превозни средства,- изјави градоначалникот.

    На учесниците на манифестацијата им беа поделени маички.