Спасовски: Ќе боиме и шараме до укинување на аболициите
„Шарената револуција“ и боењето се заради Иванов, и се додека не се укинат аболициите ќе се бориме и чаталиме, ќе боиме и шараме по ред, по список, тука не можат да не стопираат.

Кога ќе ги укине аболициите, а верувајте дека тоа ќе го направи многу скоро, тогаш ќе треба да направиме само неколку работи: чист избирачки список, да ги регулираме медиумите, да ослободиме простор и да дадеме простор за сите политички субјекти да учествуваат на изборите, и на крајот граѓаните да можат самостојно и слободно да донесат одлука, а таа во овој момент е една, заради тоа што и изборот е еден нема повеќе. Од една страна се сите граѓани на Македонија од друга е криминалот на Груевски и Ахмети, - рече секретарот на СДСМ и поранешен министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, на синоќашниот митинг на шарените револуционери во Куманово.