×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Српската заедница прослави 22 години постоење

    21.05.2013 09:20 | KumanovoNews

     Српската заедница во Македонија, регионален одбор Куманово, синоќа прослави 22 години постоење и успешна работа.

    Српската заедница прослави 22 години постоење

    Со торта и коктел, членовите се потсетија на почетоците и формирањето на заедницата во Куманово во 1991 година.

    Првата конститутивна седница е оддржана на 18 мај од страна на визионери и ентузијасти, кои што сакаа да создадат една невладина српска организација, Српска заедница која ќе работи на остварување на правата на српското малцинство во Република Македонија. Како што знаете во Македонија има голем број Срби, посебно се концентрирани во Куманово што посебно ме радува. Секоја година, од ден на ден гледам нови луѓе. Тоа ми дава сила да работиме како што и досега заедницата работеше цели 22 години - истакна во своето обраќање Горан Зафировиќ, претседател на Српската заедница во Куманово.

    Тој потсети дека во времето на меѓуетничките конфлики на Балканот, Српската заедница помогнала со лекови и облека на сонародниците во Србија, Босна и Хрватска.

    Роденденот го честиташе и претседателка на Српската заедница во Македонија,  Гордана Стојковска, која нагласи дека изминатите две години биле исклучително тешки за нив.

    Тоа беа многу тешки години во финансиска смисла, затоа што немавме подршка од нашата матична држва, а останавме и без зградата во Скопје.Но, и покрај тоа ние работиме повеќе и подобро. Оваа година имаме 22 општински организации. Работиме на некои нови активности кои сакаме да ги посветиме на младите. Планираме да вложиме многу труд во образованието, особено во Скопје. - вели Стојковска.

    Претседателката најави дека ќе настојуваат да се изборат за поголеми правата на српското малцинство во Македонија.