×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Трибина за елиминација на заразната жолтица

    27.07.2016 12:30 | KumanovoNews

    По повод Светскиот ден за борба против хепатитис, Црвениот крст – Куманово и невладината организација Хепта организираат трибина во просториите на Црвениот крст Куманово, утре од 12.30 часот.

    Трибина за елиминација на заразната жолтица

    Се уште е мала свесноста во врска со хепатитот и изненадувачките факти поврзани со него. Приближно 500 милиони луѓе во светот се заразени со вирусот на заразната жолтица Ц и Б (ХЦВ или ХБВ), а тоа е околу 15 пати повеќе од бројот на заразени со ХИВ/СИДА, ХЦВ или ХБВ убиваат 1 милион луѓе годишно.

    Дури 32% од владите во светот немаат спроведено или финансирано активности за да се намали стигматизацијата или дискриминацијата на лицата кои живеат со ХЦВ или ХБВ, додека едно од три лица на планетата е изложено на некој од двата вируси без да знае.

     Светското мото под кое се спроведува кампањата за 2016 та е: Елиминација на заразната жолтица до 2030 година.

    Оваа кампања би требало да ја победи стигмата поврзана со лицата инфицирани од овие вируси, затоа што се испраќа јасна порака дека вирусите не прават дискриминација, го заразуваат секого, насекаде.

    Елиминацијата на вирусниот хепатитис е најголемата цел до 2030 година, при што ќе бидат спасени 7.1 милиони животи. И во Македонија ја имаме истата цел, да се намали и потоа да се искорени оваа болест, а подигнувањето на свеста е еден чекор кон таа цел.