Тројца кумановски поети на Струшки вечери на поезија
01.09.2015 15:37
| KumanovoNews
Тројца кумановски поети годинава настапија на Струшките вечери на поезијата.

Во Струга поезија читаа Давор Крстевски, Фросина Ѓуревска и Иле Наумов.
Мене ова ми е прв пат да читам поезија на една ваква манифестација, пред еминентни имиња од Македонија и од странство. Беше феноменално. Сите тројца се претставивме со по три песни. За малку задоцнивме и не се пријавивме за учество во официјалниот дел. Воспоставивме контакти и со поетите од Македонија ќе организираме заеднички поетски читања и дружење - кажа Крстевски.
Во неофицијалниот дел на СВП настапија десетина поети.