Висок ризик од пожари на отворенo, ЦУК апелира на внимателност
18.08.2026 10:00
| KumanovoNews
Речиси целата територија на Република Македонија е во зона со висок ризик од пожари - портокалова боја, поради што е зголемена опасноста од појава на пожари на отворено.
Исклучок се Шар Планина и околината на Охрид и Ресен, каде што е регистриран среден метеоролошки индекс на пожар - жолта боја.
„Поради ваквите временски услови, постои висок ризик од појава и ширење на пожари на отворен простор и шумски пожари со висок интензитет на целата територија на Македонија“, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Оттаму апелираат до граѓаните на максимална внимателност и одговорно однесување, особено при престој и движење во природа, и да не се користи оган на отворен простор.
Доколку се забележи пожар, веднаш да се пријави на 112.