×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ВМРО-ДПМНЕ: Дамјановски кочи изградба на спортска сала

    27.07.2016 11:55 | KumanovoNews

    Од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска ја обвинија локалната самоуправа и градоначалникот Зоран Дамјановски, дека свесно одолговлекуваат изградба на спортска сала во средното училиште на албански јазик „Перо Наков“.

    ВМРО-ДПМНЕ: Дамјановски кочи изградба на спортска сала

     Според проектот на владата, салата треба да се гради во поранешната касарна Христијан Карпош, но општина Куманово повеќе од 6 месеци не ја подготвило предвидената локација.

    „Иако претходно со потпишување на трипартитен договор помеѓу Министерството за образование и наука, средното училиште “Перо Наков“ и општина Куманово, општината се обврза да обезбеди чиста локација за почеток со градба на училишната спортска сала, и по шест месеци од воведување на изведувачот на салата во работа, градоначалникот сеуште ги нема завршено своите обврски, односно сеуште ги нема отстрането времените објекти од локацијата каде треба да се гради салата и ја нема дислоцирано постечката подземна водоводна и канализациона инфраструктура“, - изјави Драган Петковски, претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

    Со тоа, велат од пертијата,  се одложуваат активностите за изградба на спортскиот објект, кој е наменет првенствено за учениците, но и за спортските клубови и локалното население.

     Инвестицијата е вредна 24 милиони денари.