×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ВМРО-ДПМНЕ: Општината плаќала 1000 пати поскап превоз

    26.07.2016 14:36 | KumanovoNews

      Од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно го обвинија градоначалникот Зоран Дамјановски и фирми блиски до СДСМ, дека вршеле малверзации со училишниот превоз во градот.

    ВМРО-ДПМНЕ: Општината плаќала 1000 пати поскап превоз

    Во настојувањето да покажат дека Дамјановски организирал поскап превоз од градоначалникот на Битола, Владе Талевски, кој е во куќен притвор поради истрага на специјалното јавно обвинителство, претседателот на младите на ВМРО-ДПМНЕ Марио Цветковски, денеска направи споредба за поедини релации.

    „Ако општина Битола организира превоз на дестинација Битола-Лавци во должина од 3.2 километри и цената поединечно по ученик изнесува 12.18 денари, општина Куманово за превоз на ученици на дестинација Спомен Костурница-ОУ „11 Октомври“ и обратно во должина од 2.2 км., цената на превоз поединечно по ученик изнесува застрашувачки 12.545 денари. Општина Куманово плаќа 1.029 пати повеќе поединечна цена по ученик за помала дестинација„, - изјави  Цветковски.

    На новинарско прашање зошто ВМРО-ДПМНЕ доколку има докази за толку голем криминал не ги обелодени штетните договори, Цветковски одговори дека тие само располагаат со информации на загрижени граѓани кои ги интересира каде одат парите на граѓаните и го повика Јавното обвинителство да отвори постапка за општина Куманово и да го испита случајот.