×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Куманово нема да се одржи референдум против бегалците

    01.09.2017 13:41 | KumanovoNews

    Советот на Општина Куманово ја отфрли иницијатива за распишување референдум против изградба на станови за мигранти на територијата на општината Куманово.

    Во Куманово нема да се одржи референдум против бегалците

    На последната седница, мнозинството советници од коалицијата на СДСМ не дадоа поддршка на предлогот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ на дневен ред да се најде донесување на одлука за распишување на референдум преку кој граѓаните ќе се изјаснат дали се за населување и интеграција на мигранти на територија на Општина Куманово, ниту, пак, ја наводната граѓанска иницијатива „Будење“, која собра над 1.000 потписи од граѓаните, пишува СДК.мк.

    „Предлогот на советниците на ВМРО-ДПМНЕ немаше никакво образложение и не беше поткрепен со факти, документи и материјали, за да можеме да видиме дека општина Куманово има проблеми за кои Советот може да распише референдум. Мнозинството советници се изјаснија дека нема потреба од распишување на референдум, бидејќи сè се сведува на шпекулации, без конкретни докази. Не можеме ние да носиме референдумско прашање за нешто што не сме го виделе и немаме материјален доказ, ниту е во наша надлежност“, изјави претседателот на Советот Александар Арсиќ.

    „И покрај нашата аргументација за оваа иницијатива мнозинството советници на седницата, предводено од СДСМ и неговите коалициони партнери, со крајно паушални и несфатливи констатации истата ја отфрли. Со ова отфрлање директно, граѓаните на Куманово беа спречени самите да одлучуваат за судбината на својот град и за иднината на своите деца“, изјави координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ Драган Петковски.

    Причината зошто не е прифатена граѓанската иницијатива „Будење“ за распишување на референдум, според Арсиќ е затоа што не била уредно поднесена. Тој објаснува дека прво требало да се побара од Советот покренување на граѓанска иницијатива, а откако ќе добиеле согласнот можеле да преминат на собирање на потписи во надлежното министерство.

    „Од „Будење“ сами прогласиле граѓанска иницијатива, притоа беше прекршен и Законот за заштита на лични податоци, бидејќи на 1.023 граѓани им беа земени матични броеви, јавно на плоштад, поради што постои кривична одговорност на самите покренувачи на иницијативата. Земањето на лични податоци се врши само во државен орган, не може да земате матични броеви каде што сакате и потоа да ги дистрибуирате понатаму низ општината и општинските служби“, додава Арсиќ.

    Потписите за референдум се собираат во Министерството за правда, 10 отсто од вкупниот број на население, што значи околу 10.000 полнолетни граѓани кои живеат во општина Куманово треба да дадат поддршка на иницијативата, доколку се прифатеше.

    Куманово е една од трите општини во државата со локална власт на СДСМ, која не изгласа одлука за распишување на референдум за изјаснување за„Стратегијата за интеграција на бегалци и странци 2017-2027 година“.