×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во техничкото училиште започна обука за социјална инкулузија

    19.09.2016 13:38 | KumanovoNews

    Техничкото училиште „Наце Буѓони“ во соработка со Североисточниот плански регион, започна со реализација на проект за социјална инклузија, кој се финасира со средства од ИПА програмата.

    Во техничкото училиште започна обука за социјална инкулузија

    Со обуката се опфатени 60 лица на возраст од 18 до 35 години од североисточниот регион.

    „Од петок започнаа обуките кои се наменети за лица кои се под социјален ризик. Што значи самохрани родители, поранешни корисници на дрога, невработени и други категории на грѓани. Повеќето се машки, бидејќи обуките се од машинска и електро техничка струка, оние струки што се опфатени во нашето училиште. Обучувачи ќе бидат нашите професори, кои се стручно оспособени, кои поминаа обука за работа со оваа категорија на граѓани, - вели Лидија Михајловска, директорка на техничкото училиште Наце Буѓони.

    Наставата ќе се изведува двапати неделно на македонски и албански јазик, а вклучени се лица од Куманово, Липково, Старо Нагоричане и Ранковце.

    Откако ќе ја завршат практичната настава кандидатите ќе посетуваат обука во некое претпријатие. Истовремено ќе им биде понудена и психо-социјална помош, како и обуки за вработување и кариера.Сите ќе добијат сертификат со кој ќе можат да конкурираат на пазарот на трудот.

    Проектот чини 130 илјади евра и ќе трае до март наредната година.