×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Забрането палење на стрништа

    07.07.2016 14:03 | KumanovoNews

    Забрането палење на стрништа, плевел и други растителни отпадоци во ловиштата и друг земјоделски отпад на земјоделско земјиште како превентивна мерка за заштита на шумски пожари.

    Забрането палење на стрништа

    Ова го соопштуваат од Министерството за земјоделство и шумарство, кои бараат граѓаните да ја почитуваат одлуката.

    „За не почитување на одредбите од ова забрана се предвидува глоба во износ од 1500 до 3000 евра во денарска противвредност за прекршок на физичко лице согласно од Законот за ловството, - се вели во соопштението на МЗШВ.

    И од Територијалната противпожарна единица Куманово апелираат до граѓаните да бидат внимателни со оган и запаливи сретства на отворено за да не предизвикаат пожар.

     За поголема заштита и заедничко превентивно делување, се препорачува: да не се пали оган на отворен простор, да не се палат стрништа и меѓи, да не се фрлаат стаклени шишиња и друга стаклена амбалажа на отворен простор, да не се врши палење на отпад и друг горлив материјал и да не се фрлаат отпушоци од цигари во шума и на друг отворен простор.

    Во изминатите неколку дена поради високите температури имаше пожари на повеќе локации на градот, кога гореше сува трева и грмушки.