Загина тракторист од Доброшане
10.05.2016 12:14
| KumanovoNews
Во селото Бајловце загина тракторист од Доброшане.
Несреќата се случила вчера во 9.40 часот, додека Д.С.(64) од с.Доброшане, со трактор извршувал земјоделски работи. Во еден момент тракторот се превртел, при што дрлачата со која собирал сено паднала врз него. Д.С. починал на лице место. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Куманово. Со согласност на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на семејството за погреб.