Ученичка од “Наце Буѓони“ најдобра на регионален натпревар по англиски Ане Илиевска, ученичка во втора година во средното училиште “Наце Буѓони“ освои прво место на регионалниот натпревар по англиски јазик, кој викендов се оддржа во Куманово.
Големиот водостој на реките поволен за мрестење на рибите Моменталниот голем водостој на реките е поволен за мрестење на рибите, велат од спортско риболовно друштво “Пчиња“.
Бујрум ќе истражува колку се транспарентни општините Центарот за рурален развој Бујрум ќе истражува колку транспраентно работат четири општини во североисточиот регион.
Концерт на млади пијанисти од “Илија Николовски - Луј“ Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ утревечер во 18 часот концерт ќе оддржат млади пијанисти од средното музичко училиште “Илија Николовски - Луј“ од Скопје.
Ѓурѓовденски сoбир во Старо Нагоричане Во Старо Нагоричане вечерва ќе се оддржи традиционалниот Ѓурѓовденски собир што организира месната заедница под покровителство на општината Старо Нагоричане.
Долговите за вода ќе се плаќаат на рати Долговите за вода граѓаните ќе можат да ги плаќаат на рати доколку во наредните три месеци склучат договор со јавното претпријатије “Водовод“.
Кумановец уапсен на Табановце Кумановец вчера е упасен на граничниот премин Табановце заради издржување на затворска казна.
Шаховски турнир за Денот на полицијата СВР Куманово, по повод 7 мај - Денот на полицијата, организираше шаховски турнир во просториите на Црвениот Крст.
ССМ:ДПСМ не е единствен претставник на Србите во државата Од Српската странка во Македонија ја обвинуваат ДПСМ и лидерот Иван Стоилковиќ дека на последниот ден од предизборната кампањата го прекршил договорот за позитивна кампања и се претставил како единствен претставник на Србите во Македонија, а нив ги нарекол мала партија.
Дамјановски положи цвеќе на споменикот на Тито По повод 4 мај, денот кога почина претседателот на поранешната СФРЈ, Јосип Броз Тито, вчера цвеќе на споменикот на Градскиот плоштад, положи општинска делегација предводена од градоначалникот Зоран Дамјановски.
Студенти ќе одржат концерт по гитара Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“, утревечер во 19.30 часот концерт по гитара ќе оддржат студенти на Факултетот за музичка уметност во Скопје.
Се излејаа Пчиња и Крива Река Во текот на вчерашниот ден се излејаа Пчиња и Крива Река, при што поплавиле поголена површина обработливо земјиште.
Од понеделник пајакот пак на улица Пајак службата од понеделник повторно ќе биде во функција, најавуваат од јавното претпријатије “Куманово - паркинг“.
Библиотеката во мај ќе набави нови книги Градската библиотека во мај, по завршувањето на Саемот на книгата во Скопје ќе се поднови со нови наслови.
Шаховски турнир организира Полицијата По повод 7 мај - Денот на полицијата, СВР Куманово во понеделник во 10 часот во просториите на Црвен Крст Куманово организира шаховски турнир.