Обнова на документи за социјална помош Од денеска до крајот на месецот ќе се врши обнова на документи за добивање на социјална парична помош од државата.
Потрошени вакцините против сезонски грип 1200 дози вакцина против сезонски грип се потрошени откако започна вакцинацијата пред две недели.
Гимназијалците во посета на своите врсници во Франција Од денеска до 12 ноември ученици од билингвалната паралелка од гимназијата “Гоце Делчев“ и нивните професори ќе бидат во посета на училиште во Дулен, Франција.
Промоција на “Ноќниот ум“ од Стефан Велковски Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ во понеделник во 19.30 часот ќе биде промовирана книгата “Ноќниот ум“ од младиот автор Стефан Велковски.
Караџински: Децата во градинка спијат на душеци на под Директорката Марина Алексовска потврди дека има поголем број деца од просторните можности, но отфрла дека спијат на душеци.
Љубиша Николиќ на чело на советот за животна средина во СДСМ Директорот на Гимназија “Гоце Делчев“, Љубиша Николиќ е избран за претседател на работно тело за заштита на животна средина во рамки на СДСМ.
Газда префрлил возила на туѓо име за да не му ги одземат Управител на бензинска пумпа Д.М. (63) префрлил возила на име на друго претпријатие каде е исто така управител за да не му ги земат со извршно решение.
Зачестија инфарктите и мозочните удари По неколку пациенти дневно, со болки во градите и со главоболки побарале медицинска помош на одделенијата во Кумановската болница
Кумановци снимија скриена камера во Скопје Во спотот, додека седи на клупа актерот глуми дека му се спие, по што „несакајќи„ легнува на раме на некој што седи покрај него
Општината бара инвеститори за економската зона во Речица На продажба се 5 парцели наменети за изградба на трговски центар, хотел и фабрики за лесна и незагадувачка индустрија
Спа Дивајн со специјални лифтинг третмани и нова локација Центарот за убавина "Спа Дивајн" од утре ќе работи на нова локација, во стан на улицата "Кирил и Методиј" бр. 17 зад Гимназијата "Гоце Делчев".
Обид за кражба во станот на градоначалникот Крадците ја скршиле бравата и лајсната на влезната врата, но не влегле во станот, најверојатно затоа што наишол некој од соседитe
Копајќи подрум извадиле артефакти Во село Никуљане работник копал подрум за викендичка и пронашол артефакти кои ги оставил расфрлани покрај ископот.
Фондацијата за култура и спорт ќе добие нов претседател Фондацијата за култура и спорт ќе добие нов претседател, откако досегашниот Гоце Божурски се повлекува од функцијата.
Заврши реконструкцијата на пругата Куманово-Табановце Заврши реконструкцијата на железничката пруга Куманово-Табановце во должина од 12,5 км.
Тројца тинејџери истепале нивен врсник Ф.Л.(15), С.С.(16) и Ф.С.(17) од Куманово кон крајот на септември годинава без повод и причина го истепале Н.С.(15).