Поскапе автобускиот превоз Куманово - Скопје Од денеска за 20 денари поскапе автобускиот превоз на релацијата Куманово - Скопје. Наместо 150 денари колку што чинеше билетот во еден правец, сега патниците мора да платат 170 денари. Во двата правци тоа се 340 денари. За 24 работни денови секој патник треба да издвои 8160 денари.
Куманово има 12,5 илјади празни станови или една третина од вкупниот број Куманово, како најголема општина во земјава со 98.104 жители има околу 12,5 илјади празни станови или 33 проценти од вкупниот број.
Агенцијата за приватно обезбедување „Магнум“ отвори канцеларија во Куманово Од минатата недела започна со работа претставништво на Агенцијата за приватно обезбедување на лица и имот „Магнум“ во Куманово.
Ученици од „Крсте Мисирков“ учествуваат на Меѓународен фестивал на детско творештво во Панонија Учениците од седмите одделенија од ООУ „Крсте Мисирков“ од Куманово учествуваат на 14. Меѓународен фестивал на детското творештво „На крилјата на детството“ во Панонија, Бачка Топола, Република Србија.
Повозрасен пешак повреден во сообраќајка во Куманово Повозрасен пешак се здобил со сериозни повреди откако во него удрил автомобил на улица во Куманово.
Ново поскапување на бензините, цената на дизелот не се менува Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за зголемување на цената на нафтените деривати за 1,46%, при што бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 поскапува за 2 денари/литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 2,5 денари/литар, а цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува.
Привршува реконструкцијата на патниот правец Куманово - Страцин, објави Митрички „Се наоѓаме на патниот правец Куманово- Крива Паланка, односно на делницата Куманово - Страцин, кој е дел од Коридорот 8, каде деновиве течат завршните работи како дел од рехабилитацијата на овој исклучително важен правец, како за бизнис заедницата така и за жителите на Куманово“, изјави портпаролот на СДСМ Куманово, Александар Митрички.
По двегодишна пауза повторно се одржува „Малински фото фестивал“ Фестивалот на уметничка фотографија „Малински фото фестивал“ ќе се одржи по седми пат Куманово и Крива Паланка, во организација на Фото клуб Куманово. По две години пауза љубителите на фотографската уметност ќе уживаат во богатата тродневна програма.
Повреден пешак во Матејче Едно лице е повредено во сообраќајна незгода на регионален пат Липково – Арачиново, во с.Матејче, општина Липково.
Фабрика во Прешево го загадува воздухот во Куманово Фабрика која се наоѓа во близина на македонската граница на територија на Србија го загадува воздухот во Куманово. Откако вчера алармиравме за проблемот, денеска надлежните од Општина Куманово велат дека интервенирале на терен и дошле до сознанија од граѓани, дека во вечерните и утрински часови облак на црн чад се спушта на македонска територија.
Дизелот поскапува за 2 денари, бензините остануваат со иста цена Цената на дизелот од ноќеска на полноќ се зголемува 2 денари за литар, а на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).
Уште еден кумановец жртва на измама со огревно дрво 65-годишен маж од Куманово е нова жртва на измамникот кој низ градот се претставува како продавач на огревно дрво.
Наутро и навечер воздухот во Куманово смрди, ги пече очите и тера на повраќање, инспекцијата испитува кој загадува Веќе една недела граѓаните на Куманово во вечерните и утринските часови чувствуваат непријатна миризба, која ги пече очите и тера на повраќање. Загадувањето на воздухот почнува во попладневните часови, а кулминира околу 22 часот кога градот е обвиткан во густ чад со мирис на изгорена гума, особено населбите во пониските делови. Уште посилна миризба се чувствува наутро.
ФлексКредит донираше средства на СОС Детско село: Kомпанијата одбележува 2 години постоење Целта на оваа компанија е да станат најголеми финансиски донатори на оваа невладина организација, чија мисија е „Ниту едно дете не треба да расте само“
Фестивалот на краток филм „Филмај“ по четврти пат во Куманово Фестивалот на краток филм „Филмај“ 2022 утре во 19 часот ќе започне во Центарот за култура „Tрајко Прокопиев“ – Куманово.
Извештајот за работа на Полициската станица Куманово утре на седница на Совет Советот на Општината Куманово, утре ќе одржи редовна седница. На дневен ред се 10 точки, меѓу кои и извештајот за работа на Полициската станица во Куманово за 2021 година.