Повторно ќе воспоставиме мостови на пријателство и соработка со Куманово, порача хрватската амбасадорка Тигањ „Оваа година, Хрватска и Македонија одбележуваат 30 години од воспоставување дипломатски односи, што ќе биде сјајна прилика да ја продлабочиме соработката, а за тоа постојат големи можности и потенцијали, не само на државно ниво, туку и на ниво на градови и општини“, рече амбасадорката на Република Хрватска во Македонија , Нивес Тигањ при денешната прва посета на Општина Куманово.
Украдени пари од приватна лабораторија во Куманово Вработена во приватна лабораторија од Куманово пријавила во полицијата дека од објектот биле одземени пари. Кражбата во полиција била пријавена ноќеска на полноќ.
Сопствено производство на електрична енергија во време на енергетска криза, препорачува Локалниот економски совет Локалниот економско-социјален совет (ЛЕСС) денеска пред кумановските бизнисмени и претставниците на локалните институции ги претстави придобивките од поставувањето на соларни фотонапонски панели и производството на електрична енергија за сопствени потреби.
Изложба на графики и слики Давор Кешќец во Куманово Во Изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово утре во 19 часот ќе биде отворена изложбата “Once again“ на авторот Давор Кешќец. Се работи за мала ретроспектива составена од дваесеттина графики и слики работени во последните неколку години.
Приведени четворица кумановци, фатени додека краделе Полициски службеници од СВР Куманово, вчера во 16.35 часот ги привеле Е.Б.(27), С.Д.(21), С.А.(26) и Р.Р.(26), сите од Куманово.
Цените на горивата остануваат исти, поскапува маслото за домаќинство Регулаторната комисија за енергетика објави дека цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат во однос на вчера, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 2,00 ден/лит.
Нови 15 случаи на ковид-19 во Куманово Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.609 тестови, а регистрирани се 310 нови случаи на ковид-19.
Во Куманово има над 80 диви депонии, највалкано е на влезот во населбата „Перо Чичо“ Купишта ѓубре, пластика, стар мебел, градежен шут повторно се натрупани на дивата депонија на влезот на населбата „Перо Чичо“ во Куманово. Иако оваа депонија беше целосно расчистена пред само десетина месеци и беа поставени контејнери, жителите од околните куќи продолжија со старите навики да го фрлаат сметот под куќите, неводејќи грижа за животната средина ниту за последиците по здравјето.
Нападнат вработен во јавно претпријатие додека бил на работа Вработен во јавно претпријатие вчера бил нападнат во центарот на Куманово, додека извршувал работни задачи поврзани со паркирањето.
Ќе има рестрикции на вода и нема да собираме ѓубре, велат општинските комунални претпријатија Јавните комунални претпријатија на општините низ земјава не ќе можат да ги снабдуваат граѓаните со вода и да чистат ѓубре ако Владата не им помогне, кажаа на денешната прес-конференција од Здружението на даватели на комунални услуги (АДКОМ).
Малолетник фалсификувал ПЦР тест, доби кривична пријава Малолетник од Куманово е фатен со лажен ПЦР тест кога сакал да ја помине државната граница.
Бензините поевтини за половина денар, дизелот поскапува за еден денар Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,01%. Со оваа одлука бензините поевтинуваат за половина денар, а дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство ќе бидат поскапи за еден денар.
Нема новозаболени од ковид-19 во Куманово Во изминатото деноноќие во Центарот за јавно здравје во Куманово нема регистрирани нови случаи на ковид-19. Регистрирани се само 13 оздравени лица.
Во Куманово и Паланка казнети 27 возачи во алкохолизирана состојба Во текот на изминатиот викенд на подрачјето на СВР Куманово спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.
Кумановец загинал гаснејќи го пожарот што му ја зафатил куќата Педесети и четиригодишен маж бил пронадјен починат, откако се обидувал да го изгаси пожарот во неговата куќа. Огнот најпрво избувнал на тревна површина и се проширил кон неговиот дом.
Се протестира поради профитот без притоа да се исполнат стандардите на јавниот оглас, вели Димитриевски Не се протестира од страв за граѓаните, се протестира поради профитот кој што се остварува без притоа да се исполнат стандардите на општината на јавниот оглас, а воедно се блокира превозот во општината и се вршат обиди да се манипулираат граѓаните, одговори градоначалникот Максим Димитревски на обвинувањата на превозниците дека не се почитува законот од страна на Општина Куманово, при избор на превозници во јавниот превоз.