УЈП: Трговците да ги прикажат попустите за „блек фрајдеј“ на фискалните сметки Управата за јавни приходи (УЈП) во пресрет на најавениот „блек фрајдеј-викенд“ упати препорака до сите даночни обврзници кои ќе применуваат попусти на цените на своите производи и услуги да ги изразат и наведат при издавање на сметката.
Три пријави за семејно насилство во Куманово Во Кумановската полиција регистрирани се три случаи на напади во семејства во Куманово.
Поетско- музички перформанс „Тишината на тешкото“ во Центарот за култура во Куманово Во малата сала на Центарот за култура, вечерва во 19 часот ќе се одржи поетско-музички перформанс „Тишината на тешкото“, осврт на делото на Блаже Конески, но и на фолклорните танци како нематеријално културно богатство.
Искривен столб на тениско игралиште опасност за посетителите Метален столб на кој се закачени рефлектори за тениските игралишта покрај спортската сала во Куманово е искривен и пости опасност да падне при посилен ветер и да повреди некого.
Кумановското обвинителство 1,5 месец го чека обдукцискиот наод за починатата родилка Основното јавно обвинителство (ОЈО) Куманово повеќе од 1,5 месец го чека обдукцискиот извештај од Институтот за судска медицина во Скопје, кој ќе ги покаже причината за смртта на 31-годишна родилка од Куманово.
Вработените во здравството ќе добиjат повисоки плати за 10 отсто Ноемвриската плата за вработените во јавното здравство ќе биде повисока за 10 отсто, се договориле на денешниот состанок премиерот Христијан Мицкоски и претставниците на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита и Самостојниот синдикат на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.
Самостојна изложба на Благојче Наумоски - Бане во Уметничката галерија во Куманово Изложбата „Енергија на светлината“ на Благојче Наумоски Бане, ќе биде отворена утре во 20 часот во Уметничката галерија во Куманово.
Кумановo меѓу најзагадените градови во државата Куманово околу 19 часот беше најзагаден град во земјата. Концентрацијата на ПМ честичките беше 212 mg/m3, што е за 5,5 пати над дозволената граница 50 микрограми на еден метар кубен.
Инспекторката фатена со мито, од притвор однесена во приватна болница, се жалела на влошена здравствена состојба Градежната инспекторката вработена во Општина Куманово, која пред три недели беше фатена како прима мито од граѓанин, од притворот во затворот К`шање е префрлена на лекување во приватна клиника во Скопје.
За три месеци 156 казни за непрописно паркирање и 1.560 подигања со пајак во Куманово 156 возачи се казнети за погрешно паркирање и 1.561 возило било подигнато од пајак службата на ЈП „Куманово-паркинг“, за месеците август, септември и октомври, на територијата на СВР Куманово.
Дел од градот без вода поради дефект на главниот вод на влезот во Куманово Поради дефект на водоводнната мрежа на главниот вод Ф/350 на ул. 11 Октомври, поточно на раскрсницата кон кон автопат Е-75, вчера дел од потрошувачите на повисоките делови на ниска зона останаа без водоснабдување.
Тепачка на свадба во Куманово Мајка и две сестри физички се пресметале со малолетно девојче на свадба во Куманово.
Мигранти од Кувајт и Сирија се криеле во напуштена викендичка во Табановце Полицијата открила 11 мигранти, кои се криеле во напуштена викендичка во кумановското село Табановце.
КАКО ДА НАПРАВИШ ПРОМЕНА КОЈА ШТО ЈА ПОСАКУВАШ? Промените се неизбежен дел од животот, но истовремено и неговиот најголем предизвик. Набљудувајќи го сопствениот живот и сите пресврти низ кои поминав, сфатив едно – најчесто луѓето не се плашат од промените, туку од неизвесноста што тие ја носат.
Кумановец измамен за 200.000 денари, му ветиле биткоини од 14.500 долари Кумановец останал без 200.000 денари, откако се помамил дека ќе добие биткоини за 14.500 долари. Откако видел дека останал без пари, 45 - годишен маж вчера случајот го пријавил во СВР Куманово.
Безбедна за пиење е минералната вода во Проевце Исправнa е водата од чешмите во селото Проевце, покажуваат последните испитувања на Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) Куманово. Микробиолошките лабораториски резултати на „големиот чеп“ покажуваат дека нема присуство на бактерии.