Советот за јавни набавки не дава да се отворат народните кујни во Куманово Советот за јавни набавки не му дава согласност на Министерството за труд и социјална политика да го продолжи договорот со старата фирма за подготовка на храна до избор на нова фирма, за да започнат со работа народните кујни во Куманово и Старо Нагоричане.
Блокирана сметката на „Чистота“ Блокирана е сметката на јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“, поради долг кон УЈП стар повеќе од 15 години.
Кумановец фатен со 42 паковки марихуана На граничниот премин „Долно Блаце“, вчера во 10.30 часот при контрола на камион со скопски регистарски ознаки, сопственост на приватна фирма, а управувано од Д.И. (65) од Куманово, биле пронајдени 42 пакувања непозната растителна материја, најверојатно марихуана.
Дамјановски: Костовски не би упатил шовинистичка навреда Градоначалникот Зоран Дамјановски смета дека претседателот на општинската организација на СДСМ Мартин Костовски е сериозен политичар кој не би упатил шовинистичка навреда на национална основа на никога, по синоќешните обвинувања дека со псовки и навреди ги напаѓал учесниците на протестот „За заедничка Македонија“, пред зградата на поранешен Комитет во Куманово.
Костовски: Немаше физичка пресметка ни повредени во синоќешната расправија Претседателот на општинската организација на СДСМ Мартин Костовски ги отфрла обвинувањата дека тој го предизвикал инцидентот што синоќа се случил по протестот „За заедничка Македонија“ во Куманово.
Тракторист нападнат на протестниот марш во Куманово Едно лице е повредено во инцидентот што вечерва околу 20 часот се случил по завршување на маршот „За заедничка Македонија„ во центарот на Куманово.
Инцидент на протестот „За заедничка Македонија„ во Куманово На протестот „За заедничка Македонија„ во Куманово вечерва дошло до инцидент.
Градел куќа без дозвола поткопал пруга Кумановската полиција поднесе кривична пријава против С.Б. (59) од село Романовце, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело бесправно градење.
Крводарителска акција во СДСМ Општинската организација на СДСМ денеска организираше крводарителска акција, по повод 17 март Денот на крводарителството.
Отворен поштенски шалтер во Станицата за технички преглед на АМД „Киро Бурназ“ Станицата за технички преглед на Авто-мото друштвото „Киро Бурназ„ во Куманово, воведе уште една новина во своето работење, со цел да ја подобри услугата кон граѓаните и да го поедностави процесот на регистрација на возилата.
Одбележан Денот на крводарители во Куманово Општинската организација на Црвениот крст Куманово го одбележа 17 март, Денот на крводарителите и Денот на Црвениот крст на Република Македонија.
Без струја повеќе делови на Куманово Денеска без електрична енергија ќе останат корисниците на осум улици, две училиште и една институција.
Горивата поевтинуваат за два денари Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), од вечер на полноќ па во наредните две недели бензините и дизел горивата ќе се продаваат по цена пониска за два денари.
Ученици од шест држави во посета на Куманово Ученици и професори од Германија, Белгија, Франција, Шведска, Унгарија, Шпанија и Италија, седум дена ќе престојуваат во Куманово преку проектот Еразмус плус.
Дамјановски: Директорот ќе биде сменет ако се докаже дека е виновен Во наредните неколку денови ќе има разрешница во случајот со директорот на кумановската гимназија Горан Димитриевиќ по објавување на компромитирачките фотографии на социјалните мрежи, најави градоначалникот Зоран Дамјановски.
Лавовите апелираат за побрза политичка разрешница Синдикатот на единицата за брзи интервенции „Лавови“ бара од политичките партии и државните институции позитивно да влијаат во разрешување на сериозната политичка состојба во Република Македонија.