Ниските температури ги измрзнаа кајсиите Промената на времето изминатата седница и падот на утринските температури под 0 степени Целзиусови предизвикаа оштетувања кај овошките, особено кај кајсиите кои се наоѓаат во фаза на формирање плод.
Голема посетеност на концертот за помош на семејството Маринковски Волонтерите на Црвениот крст собраа 64.000 денари за помош на шестчленото семејство Маринковски, на хуманитарниот концерт што пред неколку дена се одржа во Центарот за култура во Куманово.
Сертификати за стручно усовршување добија 60 лица од регионот На 60 лица, главно млади луѓе од општините во североисточниот регион, вчера им беа врачени сертификатите за завршена обука за стручно усовршување преку проектот „Инклузија на млади од социјално ранливи категории на пазарот на трудот во североисточен плански регион“.
Фестивал на афоризми и карикатура “Струмица 2017“ во Куманово Во Изложбениот салон на Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, утре во 20 часот ќе биде отворена изложбата на Фестивалот на афоризмот и карикатурата „Струмица 2017“.
Меѓународен симпозиум за германската драма и театар во Куманово Куманово два дена ќе биде домаќин на Меѓународен научен симпозиум „Германската драма и театар во Република Македонија“, кој го организира приватниот Универзитет за аудиовизуелни уметности ЕСРА, германската амбасада и општина Куманово.
Словачкиот амбасадор во посета на Општина Куманово Амбасадорот на Република Словачка во Македонија, Мартин Безак денеска беше во посета на општината Куманово.
Брза помош ќе добие амбулантно возило од Словачка Амбасадата на Република Словачка во Македонија ќе донира амбулантно возило на Брзата помош во Куманово.
Пукната цевка поплави дел од Проевце Пукната цевка за дотур на вода во високите зони поплави неколку куќи и дворови во населбата Проевце.
Меѓународна изложба на уметничка фотографија „Фото Салон Куманово 2017“ Во Уметничката галерија Куманово, утре во 19.30 часот ќе биде отворена Меѓународната изложба на уметничка фотографија „Фото Салон Куманово 2017“ во организација на Фото кино клуб „Козјак“ .
ФЗЦ со добивка од 150 милиони денари Фабриката за заварени цевки и профили „11 Октомври“ од Куманово, минатата година остварила добивка во висина над 150.598.000 денари.
Пензионерска шегобијна разгледница Во Домот на занаетчии, утре вечер во 19 часот ќе се одржи „Шегобијна разгледница„, во организација на Здружението на пензионери Куманово.
Средношколци од Куманово и Велес во посета на липковско Учениците од средните училиште „Наце Буѓони“ од Куманово и „Коле Неделковски“ од Велес вчера посетија неколку знаменитости, меѓу кои џамијата и вештачките езера во општина Липково.
Кај кумановец пронајдени 180 грама марихуана Кумановската полиција поднесе кривична пријава против З.А.(35) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.
На Први април маскенбал во Центарот за култура По повод 1.април-Денот на шегата, во Центарот за култура ќе се одржи традиционалниот маскенбал за деца и младинци.
Продолжува маршот „За Заедничка Македонија“ во Куманово Кумановци и синоќа излегоа на маршот „За заедничка Македонија“ и ги повторија пораките за отфрлање на тиранската платформа и зачувување на унитарноста на државата.
„Симпо“ доби признание за модерен мебел на Скопскиот саем Српската компанија „Симпо“ од Врање на 43. Меѓународен саем на мебел во Скопје, кој заврши завчера, го доби признанието „Мебел 2017„ за гарнитурата „Лазар“ во категорија на модерен мебел за дневен престој.