На македонско-српската граница пронајден леш во распаѓање Во граничниот појас на македонско-српската граница, српска полициска патрола пронашла леш во распаѓање.
Кои се носителите на листите во двојка? Познати се имињата на кандидатите кои се носители на листите во изборната единица 2.
Ден за младински идеи за учениците од техничкото училиште Општинското средно техничко училиште Наце Буѓони во соработка со Центарот за интеркултурен дијалог ЦИД, вчера во дворот на училиштето организираше настан насловен како "Ден за младински идеи".
Одбележан Денот на градот - 11 Ноември Со повеќе активности денеска беше одбележана 72 годинишнината од ослободување на Куманово.
ВМРО-ДПМНЕ со честитка за Денот на градот Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово на своите сограѓани им го честита овој голем празник со желба за мир и соживот.
Без струја денеска пет улици Планирани прекини на електрична енергија денеска ќе има на пет улици во градот.
Честит празник Куманово Куманово денеска слави 72 години од ослободувањето. На 11 Ноември 1944 години партизаните извојуваа голема победа над бугарската војска.
Во Куманово полесно е да запишете дете на факултет отколку во градинка Во Куманово побрзо ќе запишеш дете на факултет отколку во градинка, сметаат советниците во Советот на општината Куманово.
Ременски однесе инвалидска количка во кумановско семејство Министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска-Ременски денеска однесе инвалидска количка во семејство во населбата Карпош.
Ноќеска и утревечер кафеаните со продолжено работно време Ноќеска и утревечер угостителските објекти во градот ќе работат со продолжено работно време.
Косовец фатен со хероин и фалсификувана српска возачка дозвола Кумановската полиција поднесе кривична пријава против косовец, кој бил фатен со фалсификувана возачка дозвола и хероин.
Алфи Техноцентар утре го слави седмиот роденден Продажниот салон на Алфи Техноцентар утре слави седум години постоење и успешна работа.
Облачно со повремен дожд на планините снег Времето денеска ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди и со повремен локален дожд, a на повисоките планини со повремен слаб снег, особено во западните делови.
Пукнала гума на камион повредила вулканизер Вработен во вулканизерска работилница е тешко повреден откако пукнала гума на камион, која ја пумпал.
Ново издание на „Кумановски кафеани во XX век“ Во чест на празникот на градот-11 Ноември од печат излезе второто издание на публикацијата „Кумановски кафеани во XX век“ и електронското издание на монографијата „Куманово - време во времињата на кумановскиот крај“.
Изложени сликите од ликовната колонија „Карпино“ Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ синоќа беше отворена изложбата на слики создадени на Меѓународна ликовна колонија „Карпино“.