Иселувањето ги празни училиштата во Куманово Намалениот број на запишани ученици во прво одделение во основните училишта во општина Куманово предизвика бурна расправа и ги скара советниците на власт и опозицијата на денешната седница на Советот.
ГРОМ:Спасовски не може да биде министер и кандидат за пратеник Од опшинската организација на ГРОМ Куманово, денеска на прес-конференција побараа од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски да се повлече од листата на кандидати за пратеници во изборната единица 2 или да си поднесе оставка на функцијата, бидејќи двете работи се неспоиви според Пржинскиот договор.
Во Куманово паднаа 38 литри дожд Во Куманово во зиминатите 24 часа наврнаа 38 литри на метар квадратен.
Не бркаат од работа за да го задушат штрајкот, обвинуваат работниците од кумановски „Стил кон“ Со закани и бркање од работа, раководството на фабриката за челични конструкции „Стил Кон“ во Куманово ги тера вработените да го прекинат штрајкот што пред три дена го започнале поради неисплатени плати и придонеси, тврдат работници од фабриката.
Загина тракторист во Габреш Жител на кумановското село Габреш вчера попладнето го загуби животот откако му се превртел тракторот со кој орал.
18 години затвор за убиство на дедото и ранување на шурата Бекир Незири (42) од Витина, Косово, државјанин на Република Франција, осуден е на 18 години затвор затоа што го убил таткото на поранешната сопруга и го ранил нејзиниот брат во кумановската населба „Тоде Мендол“.
„Утрински“ ќе отпушти дел од новинарите или ќе се затвори Вработените во дневниот весник „Утрински весник" денеска од менаџментот на компанијата што го издава весникот, „Медиа принт Македонија", добиле ваков ултиматим - или 10 новинари да останат без работа или весникот од утре се затвора, пренесуваат скопските портали.
Лекарите бараат да се почитува белиот мантил Над 200 лекари од Општата градска болница „8 Септември“, денеска од 13 до 14 часот протестираат пред болницата, пренесува порталот мкд.мк.
„Празнични ноќи„ во Куманово Здружението на угостители до Советот на општината Куманово поднесе иницијатива за одржување на празнични ноќи на 11 и 12 ноември, денoвите на прослава на Денот на градот.
Успешна акцијата за помош на детското одделение Граѓаните на Куманово ја поддржаа акцијата на Жито Лукс за помош на детскиот оддел од Општата болница Куманово.
Исчезнала 18 годишна девојка од Никуштак Осумнаесетгодишна девојка исчезнала пред два дена од нејзиниот дом во липковското село Никуштак.
Вечер со музика на Трајко Прокопиев Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев„ вечерва ќе се одржи концерт на класична музика во чест на познатиот композитор Трајко Прокопиев.
Петмина кумановци кандидати за пратеници во двојка Оливер Спасовски, Максим Димитриевски, Лидија Тасевска, Жалкина Јовановска и Мартин Захариев, се членови на општинските организации на СДСМ Куманово и Старо Нагоричане, кои се најдоа на листата на пратеници во втората изборна единица за парламентарните избори на 11 декември.
Ограбен и претепан кумановец Три маскирани лица вчера во 20.50 часот нападнале и ограбиле пензионер во селото Отља.
Кратките рокови ги згазија независните кандидати за пратеници Адвокатката Оливера Доцевска од Куманово, која започна постапка за собирање на потписи за независна листа пратеници во втората изборна единица изборите на 11 декември, бара од Државната изборна комисија да го продолжи рокот за собирање на 1000 потписи.