Се превртел со трактор и починал А.Д.(45) од липковското село Оризари загинал откако се превртел со тракторот што го управувал.
ВМРО-ДПМНЕ бара Советот да расправа за разголените слики на директорот Советничката група на коалицијата “За подобра Македонија” од Куманово побара седница на Совет, поради компромитирачките слики и видео материјал на социјалните мрежи, на кои наводно е директорот на кумановската гимназија „Гоце Делчев„.
ВМРО-ДПМНЕ бара смена на директорот на кумановската гимназија Од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска побараа да се назначи нов директор на кумановската гимназија, откако на социјалните мрежи се појавија експлицитни фотографии и видео матерјал, кои се наводно на директорот Горан Димитриевиќ.
Од 100 до 300 денари на час ќе се плаќа за тениските терени кај спортската сала Граѓаните и спортските клубови ќе плаќаат од 100 до 300 денари на час за користење на тениските терени „23 Oктомври“, кои се наоѓаат покрај спортската сала Куманово.
"Купете продукт повеќе" - Ротаракт клуб Куманово Ротаракт Клуб Куманово, по повод одбележување на Светската недела на Ротаракт, утре (сабота) организира хуманитарна акција, приклучувајќи се на „Buy One More“ кампањата организирана од страна на E.R.I.C (European Rotaract Information Centre).
Мандатот на градоначалниците и советниците до 15 мај Мандатите на градоначалниците и советите на општините ќе се продолжат до 15 мај.
Продолжува маршот „За заедничка Македонија“ Кумановци и синоќа се приклучија на маршот „За заедничка Македонија“ и ги повторија пораките за зачувување на унитарниот карактер на државата и против двојазичноста, промена на Уставот и отфрлање на тиранската платформа.
Пукано од автомобил во близина на касарната „Боро Менков„ Непознато лице пукало од автомобил во движење во близина на касарната „Боро Менков„ во Куманово.
Пролетно крпење на дупките и поправка на улиците во април Во првата половина на наредниот месец ќе започне крпењето на ударните дупки и реконструкција на улиците во градот, кои во текот на зимскиот период се оштетени.
Вечер на чешката култура Во уметничката галерија во Куманово, вечерва во 19 часот ќе се одржи „Вечер на чешката култура“.
Подобрени условите за престој во Домот за стари лица Сто педесет корисници на услугите на Домот за стари лица „Зафир Сајто“ во Куманово имаат подобри услови за престој, откако минатата година се инвестирани 3,7 милиони денари за реновирање на собите.
Ми се одмаздуваат со монтирани фотографии затоа што не им дадов 8.500 евра, тврди Димитриевиќ Директорот на гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово, Горан Димитриевиќ демантира дека експлицитните фотографии, кои се објавени на социјалните мрежи се негови, туку тврди дека се работи за злоупотреба и монтажа која има за цел да го наруши неговиот углед и авторитет како раководител на образовна институција и интегритетот на неговото семејство, откако не прифатил уцена од 8.500 евра од непознато лице.
Даночните пријави денеска ќе се поднесуваат до 20 часот Денеска (15 март) истекува рокот за поднесување на Годишната даночна пријава за поднесување на персонален данок на доход за приходите остварени во изминатата 2016 година.
Црвен крст однесе помош на семејството во Градиште Црвениот крст Куманово, однесе помош на шестчленото семејство на Добре во село Градиште, кое живее во субстандардни услови.
Кривична за кумановци кои спречиле „пајак“ да им го подигне возилот Кривична пријава заработија кумановци, сопственик на возило и негов пријател, кои се обиделе да спречат полицаец кој ја придружувал пајак службата, да подигне непрописно паркираното возило
Повеќе улици денеска без струја Без струја денеска ќе останат корисниците на повеќе улици во градот, поради инвестициски зафати за подобрување на квалитетот со снабдување.