Го фатиле со крадени дрва па се обидел да побегне Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Н.С.(45) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење службено дејствие“.
Кривични за противправна сеча на дрва С.А.(67), шеф за заштита на шуми и екологија во ЈП „Македонски шуми“ – подружница Куманово, заработи кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување или уништување деловни книги“, а Д.Ц. (35) е осомничен за сторено кривично дело „пустошење шуми“.
Летен попуст во Алфи Техноцентар Во Алфи Техноцентар во тек се попусти и до 50 отсто на сите видови на производи.
Дамјановски: По 5 денари за километар се плаќа превозот на учениците во Куманово Tотална невистина и лага ги нарече градоначалникот Зоран Дамјановски обвинувањата на пратеникот Зоран Ѓеорѓиевски дека општината плаќа 652 пат повисока цена за училишен превоз во Куманово.
Повреден возач на мотор Едно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на крстосницата на булеварот „Трета МУБ“ и улицата „Видое Смилевски - Бато“ во Куманово.
Кумановски акцијаши на преим кај Дамјановски Дваесетина членови на „Кумановски акцијаши“ од недела до 7 август ќе учествуваат на работна акција во Краљево, соседна Србија.
Неколку которски села без струја Пет села од которскиот реон денеска ќе останат без електрична енергија. Како што соопштуваат од Регионалниот центар за управување со кризи, планиран прекини за снабдување со електрична енергија од 08:30 до 15.30 часот ќе има во селата Кшање, Кокошиње, Пезово, Кутлибег и Мургаш.
На три локации гореле стрништа и сува трева Три интервенции бележи противпожарната единица Куманово на запалена сува трева и стрништа на територијата на општина Куманово.
Откопуваат мртви крави од јазлеста кожа во Клечовце Ветеринарни инспектори од Куманово, минатата недела, закопале добиток со јазлеста кожа на место планирано за железничка пруга, па морале да ги ексхумираат мршите.
Се судриле мотокултиватор и „југо“, еден повреден Едно лице е потешко повредено при судир на мотокултиватор со прикоилка и „југо“ на улицата “11 Октомври“, пред сокарницата Кватро.
90 000 евра ќе чини трансплантацијата на црниот дроб на Александар 90.000 евра ќе чини трансплантацијата на црниот дроб на Александар Додевски од Куманово, во болница во Истанбул, Турција.
Ќе се плаќа за посета на Кокино Туристи кои ќе одат на Кокино во иднина ќе треба да платат карта за посета на локалитетот.
Меѓугранична соработка на Куманово и Гнилане Општините Куманово и Гнилане наскоро ќе започнат поинтензивна меѓугранична соработка заради реализација на заеднички проекти преку ИПА фондовите.
Вонредна крводарителска акција, зголемени потребите од крв Општинската организација на Црвен крст Куманово организира -Вонредна летна крводарителска акција која ќе се одржи задутре (21 јули) од 9-14 часот во Центарот за култура.
Изложба на колажи на Валентина Илијевска Во Изложбениот салон на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово во четврток во 20 часот ќе биде отворена изложба на колажи со наслов “Малото девојче во светот со големи очекувања за човекот“ од авторката Валентина Илијевска.
Летна школа на БИРН за истражувачко новинарсто Балканската репортерска истражувачка мрежа (БИРН) организира Летна школа за истражувачко новинарство, која годинава ќе се одржи во босанското гратче Коњиц од 21 до 27 август.