Денови на комедија по 19. пат во Куманово Тринаесет театри од Македонија, Србија, Бугарија и Косово, ќе настапат на 19. Меѓународниот фестивал на комедијата, кој ќе се одржи од 1. до 15 октомври во Куманово.
Амбасадорката на БиХ во посета на Куманово Во прва официјална посета на Куманово денеска престојуваше амбасадорката на БИХ, Лепа Бабиќ.
Отворени „Денови на мед“ на градскиот плоштад Десетина производители на мед од Куманово и соседните општини денеска ги претставија своите производи на манифестацијата „Денови на мед“, што по 16. пат ја организира здружението на пчелари „Пчела“ на градскиот плоштад во Куманово.
Се одржа дебата за креирање младински политики Во Едукативниот центар “Млади за млади“, Старо Нагоричане, денеска се одржа јавна дебата на тема “Градење на локални капацитети за креирање на младински политики“, како дел од активностите на проектот „Градење на локални капацитети за креирање на младински политики”, финансиран од Европската унија.
Обљуба на жена во Старо Нагоричане Повознарана жена од Куманово пријавила дека ја обљубил жител на Старо Нагоричане.
Трибина „Стрес и енергија на свесност„ Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев„ утревечер ќе се одржи трибина на тема „Стрес и енергија на свесност„.
„Денови на мед 2016“ два дена на градскиот плоштад Традиционалната манифестација „Денови на мед„, која ја организира пчеларското друштво „Пчела“, утре и задутре ќе се одржи на градскиот плоштад во Куманово.
СДСМ: Хаос и неорганизираност владее во македонското здравство Хаос, неогранизираност и несоoдветно лекување на пациентите е сликата во македонското здравство, обвинија од СДСМ Куманово на прес-конференција.
Фото клубот Козјак организира Арт-фото школа Фото кино клуб „Козјак“ организира Арт-фото школа која ќе започне на 1.октомври. Од клубот најавуваат дека оваа година воведен е нов концепт на работа, па преку интерактивни предавања на фотографи и уметници посетителите ќе дојдат до нови знаења.
Со велосипедска трка одбележана Европска недела на мобилност Од 16 до 20 септември се одбележува Европска недела на мобилност.
Кампања за опремување на Детското одделение во Кумановската болница Со хуманитарна кампања компанијата Жито Лукс заедно со граѓаните на Куманово ќе помогне да се подобрат условите во Детското одделение
Асфалтирана улицата „Перо Стојмановски“ Жителите на улицата „Перо Стојмановски“ во населбата „Тоде Мендол“ добија канализациона мрежа и асфалт.
Саем на книга во Градската библиотека Во Градската библиотека „Тане Георгиевски“ во Куманово, од утре до сабота ќе се одржи саем на книга.
Пријавена за исчезната жена со дете Кумановец пријавил во полицијата дека пред пет дена исчезнала неговата невенчана сопруга со синот.
Кумановски акцијаши бараат еколошки проекти од партиите Здружението на граѓани „Кумановски акцијаши“, кое го промовира унапредувањето на волонтеризмот и доброволната работа во сите сфери на општествениот живот ги повикува сите политички партии во градот да се обединат во заштита и унапредувањето на животната средина.