Две населби и две улици без вода Две населби и две улици денеска ќе имаат прекин во водоснабдувањето.
Зоран Божиновски обвинет за шпионажа и уцена Новинарот Зоран Божиновски ќе одговара пред судот за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.
Ќе се сечат дрвјата покрај патот кон Пелинце Да се исечат дрвјата и гранките покрај регионалниот пат Старо Нагоричане - Пелинце, бидејќи го попречуваат нормалното одвивање на сообраќајот, побараа претставник на Македонија пат од Македонски шуми, на состанокот што се одржа минатата недела.
Акција за заштита на домовите од крадци Поради се по зачестените кражби во домовите на граѓаните додека се на одмор, кумановската полиција започна акција за заштита на домаќинстава од кражби во летниот период.
Ќе се прошири мостот на реката Којнарка Ќе се реконструира и догради мостот на реката Којнарка во селото Долно Којнаре.
Пијан малолетник со ауди се превртел во Ново село, совозачот се бори за живот Четиринаесет годишно момче се бори за живот на скопските клиники, откако синоќа се здобило со тешки повреди во превртен автомобил на стариот пат Куманово- Скопје, во Ново село.
Реконструирана улицата „Романовска„ Пуштена е во употреба реконструираната улица Романовска во населбата Тоде Мендол.
Кај кумановец најдена психотропна супстанца Полициската станица Гевгелија поднесе кривична пријава против Д.А.(27) од Куманово, поради постоење основи на сомение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
Осуденици учат за пекари и бравари Повеќе од три месеци трае стручната обука за пекари и бравари на осудени лица преку проект на УНДП, Министерството за образование и Управата за извршување на санкции во Казнено поправната установа „Куманово“, во селото К`шање.
Седум улици без струја Денеска од 08.30 до 15.30 часот без струја ќе останат 7 улици во централното градско подрачје.
Продолжи судењето за убиството на командант Шипоња Во Основниот суд Куманово се одржа третото рочиште против Б.Л. од Лојане и А.Л. од Куманово, обвинети за убиството на Реџеп Исмаили (45), познат како командант Шипоња.
Да се казнат сите што палат оган во шума Строго да се казнат сите што палат оган во шума и стрништа, бидејќи ја загрозуваат нашата безбедност и егзистенција, бараат од МШ
Продолжи судењето за Диво насеље Во Кривичен суд Скопје денеска продолжи главната расправа по предметот поврзан со настаните од кумановската „Дива населба“, на која обвинетите се пожалиле на здравствени проблеми како резултат на транспортот од затворските установи.
26 вработени во Нагоричане преку владини проекти 26 лица се вработиле, а 17 фирми ги искористиле мерките на проектот „Македонија вработува„ во општината Старо Нагоричане.
Бебето чија мајка почина на породување сместено во дом во Битола Бебето од Крива Паланка, чија мајка почина на породување во кумановската болница, е сместено во Домот за доенчиња во Битола.
Рекордна потрошувачка на вода во градот Од 15 до 20 отсто е зголемена потрошувачката на вода во Куманово од почетокот на месецот, соопштуваат во јавното претпријатие „Водовод“.