25. 02. 2010 13:12

Нино чека визи за Америка и Австралија

Нино чека визи за Америка и Австралија

Нино Величковски во нередните три месеци има покана да гостува во Канада и Австралија. На барање на Кумановското друштво на иселеници во Торонто, Нино и Кумановски тамбураши треба да одржат неколку концерти од 25 март до 5 април.

-Второто патување е предвидено за во мај во Австарлија, зедно со колешката Анета Наковска. Треба да одржиме концерти во 7 градови. Дали ќе заминеме на турнејата зависи дали ќе добиеме визи. Денеска заминувам за Белград  во амбасадите,  потоа ќе ги организираме другите детали - вели Нино.

А.Илиќ

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk