Екслузивните производи на Grohe во Casa Mia-ДБД Една од најуспешните компании во градот Casa Mia-ДБД започна соработка со уште еден светски бренд.
Советниците ги посетија поплавените семејства Неколку советници од СДСМ и НСДП во Советот на општина Куманово, денеска ги посетија поплавените семејства во населба Средорек, улицата Никола Тесла и населбата Доброшане.
Се намалува водостојот на реките во кумановско Водостојот на реките во кумановско е намален, и нема нови излевања во текот на ноќта, соопштуваат од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово.
Кризниот штаб расправаше за поплавите во општината Општинскиот кризен штаб за справување со кризи попладнево одржа состанок на кој расправаше за поплавите во Општината.
Дожд и град во Куманово Силнo невреме проследено со град, дожд и грмотевици, попладнево го зафати Куманово.
Поплавен расадникот на Шумско Поплавен е расадникот на Македонски шуми во населбата Бедиње, откако се излеа реката Липковка.
ЛДП: Бројот на невработени постојано расте Либерално - демократската партија Куманово, ја обвинија Владата дека бројот на невработени во државата се зголемува, иако таа постојано тврди дека работи на намалување на невработеноста.
Куманово ќе бара сретства од Вишеградскиот фонд на инвестиции Словачкиот амбасадор Мартин Безак, денеска се сретна со градоначалникот Зоран Дамјановски, со кого разговараа за можностите за аплицирање во Вишеградскиот фонд на инвестиции.
Жените од ЛДП во посета на „Зафир Сајто“ Членките на Форум на жени на ЛДП Куманово, денеска однесоа подароци на старите лица во Домот “Зафир Сајто“, по повод одбележување на Недела за грижа на старите лица.
Поплавени куќи на “Никола Тесла“, Средорек, Бавчи и стадионот Башкими Реката Којнарка поплави стотина куќи на улицата “Никола Тесла“, по синоќешните обилни дождови.
Сабота неработен ден за Албанците Сабота е неработен ден за граѓаните од албанската заедница во Република Македонија.
Крводарителска акција во “Наце Буѓони“ Во средното техничко училиште “Наце Буѓони“ утре ќе се одржи крводарителска акција.
Кумановските деца правобранители кај Иџет Мемети Деца правобранители од основните училишта во Куманово денеска ќе ја посетат Канцеларијата на Народниот правобранител и ќе се сретнат со Иџет Мемети.
Концерт на Борче Наумоски во Куманово Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ утревечер во 19.30 часот ќе се одржи концерт на гитаристот Борче Наумоски.
Се излејаа реките Којнарка и Липковка Ноќеска се излејаа реките Којнарка и Липковка, по поројните дождови што го зафатија регионот.
Триесетина кумановски Ромчиња не се запишани во матична книга Повеќе од триесет ромски деца од Куманово не се запишани во матична книга на родени и не одат на училиште.