Ќе продолжи поставувањето на „лежечки полицајци“ во Куманово Општина Куманово ќе продолжи со поставување на подигнати пешачки премини на повеќе локации во градот и покрај противењето на дел од граѓаните, најави градоначалникот Максим Димитриевски.
Приведени седум дилери, запленето оружје, лабoраторија за дрога, хероин и марихуана Oсум парчиња оружје, лабораторија за дрога, хероин и марихуана, запленила вчера полицијата во рамките на засилените активности и мерки во борбата против недозволена трговија со дрога и оружје. Притоа се приведени 7 лица од Кратово, Велес и Струмица.
Ќе се гради амфитеатар и спортски терени на просторот околу Спомен-костурницата во Куманово Со средства добиени преку проект на ЕУ за прекугранична соработка на Куманово и Гњилане, ќе се уредува комплексот околу Спомен-костурницата во Куманово. Проектот предвидува партерно уредување на просторот, засадување зеленило и поставување нова урбана опрема.
Нови 12 случаи на ковид-19 во Куманово, рекордни 317 во државата Во последните 24 часа регистрирани се 317 нови случаи на ковид-19, а направени се 1990 тестирања.
Средношколци протестираа против онлајн настава Стотина ученици, главно средношколци, денеска протестираа пред Општина Куманово, барајќи да одат на училиште, а не да следат онлајн настава.
Кумановец позитивен на ковид-19 побегнал од болницата „8 Септември“ Пациент од Куманово кој бил хоспитализиран во Градската општа болница „8 Септември“ синоќа побегнал од болницата.
Бомби кашикари и рамки за автоматска пушка најдени во Лопате На стариот пат кон селото Лопате, вчера во 16.45 часот биле пронајдени пет бомби-кашикари, како и две рамки за автоматска пушка завиткани во најлонска кеса.
Десет новозаболени и 13 оздравени од коронавирус во Куманово Во Центарот за јавно здравје во Куманово, во изминатото деноноќие регистрирани се 10 новозаболени и 13 оздравени од коронавирус.
Сузбиена организирана криминална група која криумчарела мигранти Уапсена е шестчлена криминална група, која што криумчирала мигранти. Тие заедно со грчки колеги им помагале на мигрантите нелегално да ја поминат границата, а потоа ги носеле во кумановско-липковскиот регион
Од понеделник без ПЦР тест во Србија, БиХ, Црна Гора и Косово Во координацијата со министерствата за здравство од регионот, денеска, на седница на Владата донесena e одлука да се овозможи непречен влез на странските државјани од Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина, без приложување медицинска потврда со негативен ПЦР тест.
Автобускиот превоз сардисан од проблеми, корона кризата дојде како капак на сè Празна чекална со по некој граѓанин што набрзина ќе го купи својот автобуски билет на билетарата и веднаш ќе се упати кон пероните. Ваква е сликата на автобуските станици во државата.
Театар Славија со „Женски разговори“ на Денови на комедија Претставата „Женски разговори“ на Театар „Славија“ од Белград, по текст на Душко Радовиќ, а во режија на Небојша Дугалиќ, вечерва ќе гостува на Меѓународната театарска манифестација Денови на комедија во Куманово.
Градоначалникот Димитриевски со највисок рејтинг кај граѓаните, покажа анкетата на „Макфакс“ Во онлајн-анкетата што ја спроведе истражувачкиот центар на „Макфакс“, на прашањето „Од кој градоначалник најмногу сте задоволни“, повеќе од половината испитаници кажале дека тоа е Максим Димитриевски градоначалникот на Куманово.
Кризниот штаб бара угостителските објекти во Куманово да работат и во неделите Општинскиот штаб за заштита и спасување на Куманово(ОШЗС), побара од Комисијата за заразни болести и Владата, доколку донесе нови мерки со кои недела ќе се прогласи за неработен ден за угостителските објекти тоа да не важи за Куманово, бидејќи угостителите ги почитувале протоколите.
Нови три случаи на ковид-19 во Куманово Во Центарот за јавно здравје во Куманово, во изминатото деноноќие регистрирани се нови три случаи позитивни на коронавирус.
Бензините поевтини за денар ипол, дизелот поскап за половина денар Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука за намалување на малопродажните цени на бензините за 1,5 денари, како и за зголемување на цената на дизелот и екстра лесното масло за домаќинства за половина денар.