Уште едно лице почина од повредите задобиени во сообраќајката кај Страцин Две лица од кратовското село Железница го загубија животот, а едно лице од Битола е тешко повредено во сообраќајната несреќа на магистралниот пат Куманово - Крива Паланка, на место викано „Чешмиче“, пред с.Страцин.
Почина водителот Драган Вучиќ Познатиот македонскиот музичар, композитор и телевизиски водител Драган Вучиќ (65), ноќеска починал на Инфективната клиника во Скопје.
Повеќе кумановски села без струја Потрошувачите од повеќе кумановски села денеска привремено ќе останат без електрична енергија.
Филипче до медиумите: Честитам за влогот во борбата со КОВИД-19 На Mеѓународниот ден на слободата на медиумите, министерот за здравство Венко Филипче, упати честитка и огромна благодарност до медиумите и медиумските работници во нашата земја, за нивниот влог во справување со борбата со КОВИД-19.
ЗНМ и ССНМ: Професионалното новинарство е јавно добро кое не смее да се ограничи Одбележувајќи го Светскиот ден за слобода на медиумите – 3 Mај, денес, повеќе од кога и да е претходно стана јасно значењето на независното и професионално новинарство. Кризата предизвикана од Ковид-19 пандемијата ги исфрли на врвот предусловите за функционална демократија а тоа е дека новинарството мора да се третира како јавно добро, а протокот на информациите не смее да биде ограничен.
Еден загинат и двајца повредени во сообраќајка кај Страцин Едно лице починало, а две се повредени во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка во близина на селото Страцин.
Еден новозаболен, еден починат и 38 оздравени од коронавирус во Куманово Во Куманово во изминатите се регистрирани еден новозаболен, еден починат и 38 оздравени од коронавирус.
Седум новозаболени и 25 оздравени од коронавирус во Куманово Седум новозаболени и 25 оздравени од коронавирус се од Куманово.
Кумановскиот суд за еден месец донесе 70 пресуди за прекршување на полицискиот час Во Основниот суд во Куманово во текот на април донесени се 70 пресуди за граѓани, кои не постапувале согласно здравствени прописи за време на епидемија. Паричните казни на осудените се движат од 1.000 до 2.000 евра во денарска противвредност.
Од понеделник исплата на паричната помош од социјална и детска заштита Министерството за труд и социјална политика од понеделник ќе се врши етапна исплата на паричната помош од социјална и детска заштита.
36 оздравени и четворица новозаболни од коронавирус во Куманово Во изминатото деноноќие регистрирани се четворица новозаболени и 36 оздравени од коронавирус во Куманово.
Адеми: Онлајн настава до 10 јуни, годинава нема државна матура Учениците од основните и средните училишта ќе ја продолжат наставата од дома до 10 јуни, додека матурантите оваа година ќе бидат ослободени од полагањето завршен испит и ќе можат со дипломата издадена за завршено средно образование да се запишат на некоја од високообразовните институции во земјава.
Здравствените работници заболени од КОВИД-19 ќе добијат цела плата, кажа Филипче Најдено е решение за двата проблеми на здравствените работници, коишто се заразија со коронавирус на работното место, па мораа сами да го плаќаат лекувањето, а заради користење на боледување требаше да им се намали платата.
Здравствените работници заболени од коронавирус сами го плаќаат лекувањето, а ќе добијат и помали плати Здравствените работници од Куманово, кои се заразени од коронавирус се жалат дека ќе добијат помали плати од овој месец, затоа што КОВИД-19 не е професионално заболување.
Петмина новозаболени, двајца починати и 74 оздравени од коронавирус во Куманово Во Куманово има пет новозаболени од коронавирус, две жени починале и 74 оздравени, соопштува Министерството за здравство.
Првачињата наместо во мај ќе се запишуваат во јуни, се размислува за укинување на државната матура Наместо како секоја година во мај, уписот на првачиња за учебната година 2020/2021 најверојатно ќе се врши во јуни.