21.542 компании аплицирале за државна помош за исплата на плати За помош од државата за исплата на минимална плата за месеците април и мај аплицирале 21.542 компании, кажа на денешната прес-конференција директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска.
Девет оздравени од коронавирус, нема новозаболени во Куманово Нема нови случаи на зараени од вирусот КОВИД-19 во Куманово. Регистрирани се 9 оздравени пациенти.
Кумановски професори дел од тимот на првата македонска интернет платформа за онлајн учење Професори по математика и физика од Куманово се дел од тимот на првата македонска интернет платформа Jetminds каде учениците од основните и средни училишта бесплатно можат да учат онлајн, материја направена од врвни инструктори на македонски јазик.
Крива Паланка го модернизира градскиот пазар Во Општина Крива Паланка започна да се реализара проектот за модернизација на градскиот зелен пазар. Деновиве интензивно се работи на поставувања на 120 покриени метални тезги, 30 подвижни дрвени тезги, како и 20 витрини со ладилник.
Фатен дилер со пола кило марихуана подготвена за улична продажба Кумановската полиција до Основно јавно обвинителство Куманово (ОЈО) Куманово поднесе кривична пријава против кумановец, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, по член 215 став 1 од Кривичен законик на РСМ.
Интервји Димитар Ковачевски: Што значи кризата од комуникациски и медиумски аспект Димитар Ковачевски е професор на Универзитетот Американ Колеџ Скопје и шеф на катедрата за маркетинг на Факултетот за деловна економија и организациони науки. Има завршено стручно усовршување на Харвард Универзитетот во САД, EADA бизнис школото во Шпанија, Ерасмус Универзитетот во Холандија и на Техничкиот Универзитет во Минхен. Има 20 годишна професионална кариера на високи менаџерски позиции во меѓународни компании.
Кумановец фалсификувал диплома за да напредува на работа СВР Куманово поднесе кривична пријава против кумановец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело фалсификување исправа.
СВР Куманово го одбележа 7 Мај - Денот на македонската полиција Под мотото „Заедно сме побезбедни“ денеска СВР Куманово го одбележа 7 Мај - Денот на македонската полиција.
Од утре повторно ќе се наплаќа паркинг во Куманово ЈП „Куманово паркинг“ од утре (8 мај) ќе продолжи со наплата на градскиот паркинг, откако денеска Советот на Општина Куманово на вонредна седница ја укине кризната мерка за неплаќање.
За два дена ќе се знае дали и кои мерки ќе бидат намалени во Куманово Министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес-конференција, рече дека ќе почекаат уште два дена за да видат дали денешната поголема бројка е варијација и врз основа на таа анализа ќе препорачаат намалување на мерките, а ќе се разгледа и мерката за враќање на меѓуградскиот период.
Во Куманово два нови случаи на коронавирус и шест оздравени Двајца новозабоени и шест оздравени од коронавирус се регистрирани во изминатото деноноќие во Куманово.
Ротари клуб донираше средства за дезинфекција и визири во Кумановската болница Ротари клуб од Куманово и Ротари клуб „Камен мост“ од Скопје, донираа средства за дезинфекција и визири за здравствените работници во Општата болница Куманово.
Почнаа со работа зелените и добиточниот пазар, бувљакот ќе почека Од вчера започнаа со работа двата зелените пазари на булеварите „Трета МУБ“ и „Октомвриска револуција“. Пазарите ќе работат секој работен ден од 8 до 16 часот, но не и за викенд. Во сабота ќе биде отворен и добиточниот пазар.
Вонредна седница на Советот за укинување на кризната мерка за бесплатен паркинг Советот на Општина Куманово утре ќе одржи вонредна седница на која ќе се расправа за укинување на мерката за беплатен паркинг, која беше воведена поради кризата со корнавирусот во градот.
Во Куманово еден позитивен и 12 оздравени од коронавирус Во изминатото деноноќие во Куманово е регистриран еден позитивен на КОВИД-19, а 12 пациенти се оздравени.
Времето денеска облачно и ветровито, со пороен дожд и грмежи Времето денеска ќе биде претежно облачно, во северните подрачја значително посвежо, со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните делови.