МТСП ја објави листата со хронични болести за ослободување од работа поради корнавирусот Министерството за труд и социјална политика (МТСП) информира дека согласно дополнителните мерки, активности и препораки на Владата за превенција од ширење на болеста КОВИД-19, следните категории на лица треба да бидат ослободени од работа и работни активности, врз основа на приложена потврда од матичен лекар за следниве состојби:
Граничниот премин Прохор Пчински од утре затворен, сите патници и возила на Табановце Граничниот премин Прохор Пчински, на српско-македонската граница, од утре ќе биде затворен за сообраќај и патници, со одлука на Владата на Србија, а како заштита од корона вирусот.
СЗО прогласи пандемија од коронавирус Светската здравствена организација денеска прогласи гобална криза, односно пандемија, поради ширењето на новиот вирус КОВИД-19 или попознат како коронавирус.
Ќе се казнува ширењето на лажни вести за коронавирусот на социјалните мрежи Министерството за внатрешни работи ги предупредува корисници на социјалните мрежи да не споделуват и шират непроверени, односно лажни вести околу коронавирусот, со кои се создава вознемиреност и паника меѓу граѓаните.
Уште двајца заболени од коронавирус во Дебар Двајца жители од Дебар се ново зарзаени од коронавиус, објави министерот за здравство Венко Филипче.
Се дезинфицираат автобусите кои се вклучени во градскиот превоз Компаните коишто вршат линиски превоз во градот, ги дезинфицираат своите возила, приклучувајќи се на иницијативата за спречување на ширењето на коронавирусот.
Од утре редуциран возен ред на општинскиот линиски превоз Од утре, општинскиот линиски превоз ќе се одвива со редуциран возен ред, односно според распоредот кој важи за време на зимскиот и летниот училиштен распуст.
Да се редуцира јавниот превоз и да се дезинфицираат јавните установи, препорача Општинскиот штаб за заштита Заради тековната ситуација со корона вирусот и преземањето на активностите и мерките за заштита, денеска во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување, на кој присуствуваа претставници на Општински штаб за заштита и спасување, претставници од институции и јавните претпријатија.
СДСМ: Ќе обезбедиме минимална плата од 300 евра и просечна плата од 600 евра до крајот на мандатот Минималната плата од 300 евра и просечната плата од 600 евра до крајот на мандатот-тоа е нашата понуда до граѓаните, рече Катерина Пешиќ Бошковска, портарол на ОО СДСМ Куманово, на денешната прес-конференција на која беше претставена листата на кандидатите за пратеници од Куманово.
Ограбена обложувалница на „Октомвриска револуција“ Вчера во 9.30 часот, на булеварот „Октомвриска Револуција“ во Куманово била ограбена спортска обложувалница.
Градскиот базен во Куманово нема да работи, се прекинуваат и сите воншколски активности Затворениот базен во Куманово нема да работи во наредните 14 дена, по одлуката на Владата со која се забранува користење од секаков тип на пливачки базени, како превенција од корона вирусот.
Мерката за ослободување на родител од работа не важи за вработените во здравството, полицијата и војската Вработените во безбедносниот и здравствениот сектор, родители на деца до 10 години, нема да ја користат мерката за отусуство од работа поради корона вирусот.
МТСП: Отсуството од работа ќе се докажува со потврда од градинка или училиште Министерството за труд и социјална политика ги повикува сите вработени и сите работодавачи строго да се придружуваат до мерките кои Владата за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус).
Петрушевски, Димковска и Алексовски, кандидати за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово Тројца членови на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе се најдат на листата за пратеницина во Втората изборна единица.
Владата одлучи да се затворат школите и градинките, бремените жени и еден родител ќе бидат ослободени од работа Се прекинува воспитно-образовниот процес во детските градинки, основното, средното и високото образование, се забрануваат масовни јавни настани и организираните патувања во високо ризичните земји.
Од Министерството за здравство апелираат граѓаните да не кријат ако патувале во странство Само заеднички можеме да се заштитиме и да го заштитиме јавното здравје. Јавното здравје е наша заедничка одговорност. Секој од нас може да придонесе за спречување на ширењето на вирусот и е должен одговорно да се однесува, апелираат од Министерството за здравство.