Пендаровски го потпиша Законот за заеднички контроли на граничниот премин Табановце-Прешево Претседателот Стево Пендаровски, го потпиша указот за прогласување на Законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Србија за воспоставување заеднички контроли на граничниот премин за меѓународен патен сообраќај Табановце, Република Северна Македонија – Прешево, Република Србија.
Уште еден топол бран ќе ја зафати државата Под влијание на многу топла воздушна маса во наредните денови ќе има пораст на температурите на воздухот.
Три лица истепале гостин во ресторан во Куманово Кумановец е нападнат од три лица додека бил во ресторан.
Без вода неколку улици во градот Поради интервенции на водоводната мрежа, привремено без вода ќе бидат потрошувачите на 4 улици во градот.
Кумановец продавал марихуана, заработил 30 дена притвор Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при БЈБ на МВР, до ОЈО Куманово поднесе кривична пријава против лицето Д.Д.(28) од Куманово, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело - “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по член 215 од КЗ на РСМ.
Куманово ги слави двата Илиндена Денеска се слави Денот на Републиката - 2 Август, 116 години од Илинденскато востание и 75 години од Првото заседание на АСНОМ.
Сообраќајот кон Пелинце без застои, на прославата да се пристигне до 9.30 часот Кумановската полиција ги информира граѓаните дека по повод Државниот празник 2 Август, како и одржувањето на свечена манифестација во Меморијалниот центар АСНОМ во селото Пелинце, Општина Старо Нагоричане, на подрачјето на општините Куманово и Старо Нагоричане режимот на движење на сообраќајот ќе се одвива нормално без застои и пренасочување.
Талат Џафери во Пелинце за Илинден Претседателот на Собранието, Талат Џафери, утре ќе присуствува на одбележувањето на 75-годишнината од одржувањето на Првото заседание на АСНОМ, во Меморијалниот центар АСНОМ, во селото Пелинце.
Кумановец споделувал фотографии со компромитирачка содржина Кумановската полиција поднесе кривична пријава против В.С.(28) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело производство и дистрибуција на детска порнографија.
Со дипломи за пекари, слаткари и автомеханичари се стекнаа 32 кумановци Во Центарот за вработување во Куманово, денеска беа доделени дипломи на 32 лица за успешно завршена обука, од областа на пекарството, слаткарството и автомеханичарството.
Возач на автобус од Куманово повреден во сообраќајка кај Велес Едно лице загинало, а друго е тешко повредено во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Велес - Штип кај крстосницата за с.Ново Село.
Се воведуваат жолти регистарски таблички за такси возилата Со цел да се спречи нелојалната конкуренција, државата го прифати барањето на здруженијата за авто-такси превоз.
Куманово ќе добие современа бензинска пумпа и технички преглед „Пин Петрол“ Од понеделник (5 август), започнува со работа „Пин Петрол“, кој ќе нуди услуги "СЕ ВО ЕДНО"!
Кумановец пронашол бомба во неговиот двор Кумановец синоќа пријавил во полиција дека пронашол рачна бомба во неговиот двор.
Волонтерите од „Не биди ѓубре“ денеска ќе чистат кај „Мај маркет“ На булеварот „Октомвриска Револуција“, поточно од Мај маркет до Скара- Жмара, денеска во 18 часот, волонтерите на граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“ ќе спроведат еколошка акција, со цел да се исчисти тој дел од градот.
„Бдеење на кокински мугри“ утре во опсерваторијата Кокино Во мегалитската опсерваторија Кокино, утре од 6 до 7 часот, ќе се оддржи обредно културно-уметничко честување на изгрејсонцето, насловено како „Бдеење на кокински мугри“.