Камион со 80 мигранти излетал од патот во близина на Железничката станица во Куманово Камион со скопски регистарски таблички, во кој се превезувале осумдесетина мигранти, синоќа паднал во канал покрај патот на улицата „Железничка“, кај гаражите на поранешен Југ- Турист, каде се изведуваат градежни работи.
Изменет сообраќаjниот режим на улица „Железничка“ Поради изградба на армиран бетонски пропуст на раскрсницата на улиците „Железничка“ и „Индистриска“, направена е измена на сообраќаен режим и воведена е забрана за движење на возила и пешаци.
За мене успехот не е дестинација, туку патување, вели авторот на книгата „На своја кожа, продолжи со насмевка“ Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, синоќа пред кумановската публика беше промовирана книгата „На своја кожа, продолжи со насмевка“ од Мирослав Драганов.
Саем на книга на издавачката куќа „Полица“ во Куманово Пред библиотеката „Тане Георгиев“ во Куманово, од вчера до сабота (16-20 септември), ќе се одржи саем на книга од издавачката куќа „Полица“.
Оптика „Стил“ отвори модерен салон во Куманово Оптика „Стил“ е нов специјализиран салон во градот, кој нуди широк асортиман на светски познати брендови на очила за вид и очила за сонце. Се наоѓа во Трговскиот центар „Сума“ на приземје.
Двајца помошници на Јанева се враќаат во обвинителството во Куманово Бурим Рустеми и Љубомир Лапе се враќаат во ОЈО Куманово, откако Советот на јавни обвинители ја разреши Катица Јанева и донесе одлука за престанок на мандатот на обвинителите во Специјалното јавно обвинителство и нивно прераспределување во обвинителствата од кои претходно дошле.
Цената на бензините се зголемува од половина до еден денар за литар Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,48 отсто.
Дива свиња во Куманово Дива свиња утринава талкала по улиците низ Куманово. Наши читатели ни пишуваат дека свињата ја виделе на ул. „Доне Божинов“, пред продавницата на поранешно „Пеко“.
Од среда значителна промена на времето- засилен ветер и заладување Во среда попладне ќе дува засилен северен ветер кој во северните делови ќе предизвика опаѓање на температурата.
Јутјуберката ЈАНА создаде нов свет! Јана, првата македонска јутјуберка, која започна да ги снима на македонски јазик своите авантури, создаде нов свет!
Викендов 38 возачи управувале со брзина поголема од дозволената, а 14 без дозвола Во текот на викендот (13.09-16.09.2019) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Куманово преземени се мерки и активности и констатирано е дека 38 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.
Промоција на книгата „На своја кожа продолжи со насмевка“ Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, вечерва во 19 часот ќе се одржи промоција на книгата „На своја кожа продолжи со насмевка“ од Мирослав Драганов.
Скулптура „Кавалџија“ поставена на плоштадот во Старо Нагоричане Скулптура „Кавалџија“ изработена од Горан Стаменков, направено од метал, прво дело од проектот „На патот“, поставена е на плоштадот во Старо Нагоричане.
Тинејџер преку Фејсбук се заканувал на полицаец СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.Н.(18) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.
Кумановец шверцувал велосипеди и резервни делови за нив Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Б.А.(61) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама.
Кумановка-најдобра млада актерка на фестивалот „Ристо Шишков“ Александра Михајловска од Театар Куманово е прогласена за најдобра млада актерка од меѓународното жири на Фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица.