Изложба на слики на кумановецот Арсовски во Књажевац Академскиот ликовен уметник Зоран Арсовски – Бабата, ќе ги презентира своите слики пред публиката во Књажевац, Србија.
Кумановскиот театар на фестивалот „Ристо Шишков“ во Струмица Со драмата "Недоразбирање" од Албер Ками, во режија на Драгана Таневска, актерите на Театар Куманово, утре ќе настапат на познатиот камерен фестивал "Ристо Шишков" во Струмица.
Нови цени на горивата, дизелот поскапe за половина денар Бензинот Еуросупер БС-95 поевтинува за половина денар, а за толку поскапуваат дизелот и екстра лесното масло за домаќинства од ноќеска на полноќ, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Продажен базар на уникатни предмети во витраж техника од проектот „Традиција низ слики“ Завршната манифестација - продажен базар, на проектот „Традиција низ слики“, кој го реализира Колото на српските сестри од Куманово, во соработка со партнерските здружениjа „Мајка“, „Сирма“ и „Виор“, ќе се одржи во четврток од 14 до 18 часот во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.
Сонцето од Кутлеш и транспарент „Жива е Македонија“ на катната гаража во Куманово Знамето од Кутлеш и транспарент „Жива е Македонија!!! 8.09.2019“ осамна на катната гаража во центарот на Куманово.
Нападнат сопственик на кумановска гостилница Ноќеска по полноќ четири лица нападнале сопственик на гостилница во Куманово.
Есенска дератизација во Општина Куманово Во среда, четврток и петок (од 11.09.2019 до 13.09.2019), ќе се изврши дератизација односно третирање против глувци на територија на Општина Куманово.
Кумановскиот музеј ќе го истражува влијанието на средновековниот Солун во ширењето на културата во регионот Кумановскиот музеј Куманово започна со реализација на меѓународниот проект „Влијанието на средновековниот Солун во ширењето на културата во регионот на Куманово“.
Да се обединиме за иднината на нашата земја, порача Димитриевски од прославата на Денот на независноста На прославата на Денот на независноста - 8 Септември, пред споменикот Жена борец, на Градскиот плоштад во Куманово, градоначалникот Максим Димитриевски рече дека ни престојат големи предизвици и период во кој треба да докажеме дека оваа земја и овој народ имаат сила и капацитет да ги носат и пренесуваат европските вредности.
Македонија слави 28 години независност Република Македонија денеска одбележува 28 години од својата самостојност. На успешно спроведениот референдум во 1991 година, граѓаните одлучија за самостојна и суверена држава.
Кумановец натепал полицаец Вчера во 12.45 часот, во СВР Куманово бил приведен И.С.(57) од Куманово, затоа што на улица „11 Октомври“ физички нападнал полициски службеник, информираат од МВР.
Прославата на 8 Септември на Градскиот плоштад На градскиот плоштад Куманово, пред споменикот на Жена борец, утре во 11 часот ќе започне прославата по повод Денот на независноста на Македонија.
Образовeн центар „Визија“ место за врвна надградба и знаење Образовниот центар „Визија“ започна со уписите за странски јазици, компјутери, програмирање и компјутерско сметководство за деца и возрасни.
Без струја повеќе села во регионот Без напојување со електрична енергија денеска се повеќе села во поширокиот кумановско-липковски регион.
Седум литри дожд наврнаа во Куманово Седум литри дожд на метар квадратен наврнале во изминатите 12 часа во Куманово. Најмногу дожд напаѓал во Берово 45 литри, а најмалку во Скопје 1 литар на метар квадратен.
Одличен концерт „Руски сон“ на оперскиот пејат Дарко Тодоровски Оперскиот пејач Дарко Тодоровски во придружба на пијанистката Анастасија Грговска, синоќа успеја сонот на Русија да го пренесе на кумановската публика во големата сала на Центарот за културата, на целовечерниот концерт, по повод пет века од постоење на Куманово.