Педесет и петта седница на Совет Советниците утре ќе одржат редовна седница. На дневен ред се десет точки, меѓу кои финасискиот извештај на ЈП Водовод, извештaј за културните мaнифестации, измeна на урбанистички планови и други.
Одложено рочиштето за „Диво Насеље“ Рочиштето од судскиот процес за настаните во Диво Насеље во Куманово од 9 и од 10 мај минатата година, кое беше закажано за денеска, е одложено бидејќи еден од обвинетите не бил спроведен од прилепскиот затвор во судот, пренесува Мета.
Карванот „Македонија вработува 2“ тргна од Куманово Промоцијата на проектот „Македонија вработува 2“ денеска започна од Куманово во присуство на министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и директорот на Агенцијата за вработување на Влатко Поповски.
Портретите на Агрон Салиу во Куманово Во изложбениот салон на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово, утре во 20 часот ќе биде отворена изожба на портрети на ликовниот уметник Агрон Салиу.
Утре дератизација на глувци во Куманово Уништување на глувци со помош на хемиски средства, утре ќе се изврши на територијата на општина Куманово.
Честитка од градоначалникот за Рамазан Бајрам Градоначалникот на Куманово, Зоран Дајановски, упати честитка по повод големиот празник Рамазан Бајрам до сите верници од муслиманска вероисповест.
Денеска се слави Рамазан Бајрам Верниците од исламската вероисповед денеска го слават Бајрам, празник со кој завршува светиот месец Рамазан и се означува крајот на постот.
Се огласи братот на возачот што го прегази Алмир Бојан Илиќ, братот на возачот што го прегази детето вечерва на неговиот ФБ профил излезе со своја верзија за настанот што се случил минатата недела, додека тој и брат му Бобан биле во колата со која е прегазено 4 годишното дете и неговите родители пред Здравствениот дом во Куманово.
Советот за етика реагира на објавувањето на снимката од прегазеното дете Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) реагира на објавувањето видео-снимка од неодамнешниот инцидент во Куманово кога лице со автомобил прегази цело семејство, меѓу кои и малолетно лице кое им подлегна на повредите.
Мирно помина протестот “Правда за Алмир“ Граѓаните на Куманово кои денеска протестираа по кумановските улици побараа строга казна за возачот кој го прегази 4 годишниот Алмир Алиу .
МВР:Немилиот настан да не се користи за меѓуетнички тензии Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните, немилиот настани од минатата сабота, кога 4 годишно дете беше прегазено, да не се користи за предизвикување на меѓуетнички тензии.
Кривични за 5 лица вмешани во инциденот пред здравствениот дом Кумановската полиција поднесе кривична пријава против 5 лица поради постоење основи на сомнение дека се вмешани во инциденот што се случи пред здравствениот дом Куманово.
1600 кумановци нашле работа преку владини проекти Преку проектите за намалување на невработеноста во Куманово во последните две години вработување нашле близу 1600 лица.
Со тапан будат верници за сифир Од кога започнаа рамазанските пости, секоја вечер во 1 часот по полноќ тапан чука по улиците на кумановската ромска населба Средорек и ги повикува муслиманските верници да започнат со подготовките за утринскиот оброк
Протест за правда во Куманово Под мотото „Протест за правда„ невладина организација организира протест во Куманово, поради смртта на 4 годишното дете, кое минатата сабота беше прегазено пред здравствениот дом во Куманово.