„Коледари“ со музика го славеа Бадник Членови на здружението „Коледари“ и граѓани денеска на платото пред Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ со музика го славеа Бадник.
Бадник е празник на пост и молитва Православните христијански верници денеска го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божиќ.
Денеска е Коледе, утре е Божиќ Со костени, портокали, ореви, јаболка, пари, утрово беа дарувани децата кои со песна го најавија Христовото раѓање.
Ноќеска наврнаа 4 литри дожд на квадрат Во Куманово ноќеска наврнаа 4 литри дожд на метар квадратен површина.
Поради магла видливоста кон Скопје до 100 метри На патниот правец Куманово-Скопје видливоста е до 100 метри поради магла, стои во соопштението од Авто мото сојузот на Македонија.
Петнаесетина кумановци повредени на снег и лед Петнаесетина лица се повредиле во изминатите два дена, откако паднале на заледените улици и тротоари во Куманово
Кривична пријава за криумчарење марихуана на Табановце Царинската управа во декември поднесе кривична пријава, до Основното јавно обвинителство во Куманово против албански државјанин, заради обид за криумчарење на околу 3,8 килограми марихуана.
За Бадник да се внимава при палење на огнови Од Територијалната противпожарна единица Куманово апелираат граѓаните утре да внимаваат при палење на огнови, за да не предизвикаат пожар.
Кривична за стечаецот што ги испразнил магацинот на Кожара Против З.Д.(55) од Куманово, стечаен управник на КПК„Куманово холдинг“ полицијата поднесе кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување.
Липковец незаконски демонтирал електрично броило Е.А.(39) од Липково, вработен во ЕВН незаконски демонтирал електрично броило и го поставил на куќа во селото Сопот.
Бадник неработен за православните, Божиќ за сите граѓани Утре е Бадник, неработен ден за православните верници, а задутре е првиот ден од Божиќ, неработен ден за сите граѓани.
СДСМ организира голема прослава на Бадник Општинската организација на СДСМ Куманово утре во 21 часот, на Градскиот плоштад организира голема прослава на Бадник.
Концерт на градски хор „Хармони“ Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во сабота во 18 часот, концерт ќе одржи градскиот хор „Хармони“.
„Наце Буѓони“ домаќин на прославата за Бадник Средното училиште „Наце Буѓони“ утре во 12 часот, ќе биде домаќин на прослава на Бадник која ја организираат заедно со отсекот за превенција при СВР Куманово.
Пожар на запален оџак на „Октомвриска“ Оџак на зграда завчера се запалил на улица „Октомвриска револуција“ во Куманово.
Општината и „Куманово-гас“ ќе ги обезбедуваат гасните центри Општина Куманово и јавното претпријатије „Куманово-гас“ размислуваат да постават обезбедување на гасните центри во градот.