Кумановските пожарникари завчера извлекле преживеана жена од урнатините во Адијаман Петмина пожарникари од Куманово веќе четири дена се дел од спасувачкиот тим кој напорно работи на пронаоѓање на преживеани под урнатините на зградите, кои ги зафати катастрофалниот земјотрес во Турција.
Ги запознаваме ретките болести: Синдром на акутен респираторен дистрес кај доенчиња Во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој пациентите со ретки болести го викаат „свој“, месецот кој е редок по своите ретки 28 дена и оваа година, петта по ред, ќе се обидеме поблиску да Ве запознаеме со ретките болести. Да ги дознаеме предизвицитеи проблемите со кои се соочуваат. Како ја добиваат дијагнозата? Дали има некаков лек? Колку и дали воошто се пристапни и достапни лековите?
1,5 милиони денари за заштита на манастирската црква во Матејче од Министерството за култура За заштита на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во манастирскиот комплекс Матејче годинава ќе бидат вложени 1,5 милиони денари од буџетот на Министерството за култура, во рамките на финансирањето проекти од национален интерес за 2023 година.
Две лица приведени за нанесување тешки повреди на кумановец Полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Б.Т.(46) и С.Н. (50) од село Тромеѓа, кумановско.
Ги запознаваме ретките болести:Остеогенезис имперфекта Во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој пациентите со ретки болести го викаат „свој“, месецот кој е редок по своите ретки 28 дена и оваа година, петта по ред, ќе се обидеме поблиску да Ве запознаеме со ретките болести. Да ги дознаеме предизвиците и проблемите со кои се соочуваат. Како ја добиваат дијагнозата? Дали има некаков лек? Колку и дали воошто се пристапни и достапни лековите?...
СВР Куманово ги едуцира учениците за опасностите од говор на омраза и врсничко насилство Отсекот за превенција при СВР Куманово одржа едукативни работилници во неколку основни училишта на подрачјето на Општина Куманово.
Дискриминацијата кон лицата со хендикеп се зголемува,локалните политики не ги одразуваат нивните потреби Ниедна политика во Македонија не е усогласена со Конвенцијата за правата на лицата со хедикеп,општините многу малку ги спроведуваат обврските што произлегуваат од меѓународниот договор, а потребите на овие лица речиси воопшто не се вклучени во локалните политики, беше истакнато на денешната прес конференција на Здружението „Хендикеп плус“ од Крива Паланка , кое го промовираше проектот „Регионални политики по прашањето на хендикеп“, поддржан од Министерството за надворешни работи на Бугарија од програмата „Бугарска помош за развој“.
Одбележани 79 години од Февруарскиот поход, министерот Спасовски го оценува како пресвртница во воено-стратешкиот план за победа Сојузот на борци од Народноослободителна антифашистичка војна на Македонија 1941-1945 и граѓаните продолжувачи денеска одржаа трибина по повод Февруарскиот поход.
Oстанува уште еден километар за расчистување на патот дo село Длабочица од снежните наноси Уште еден километар од патниот правец кон село Длабочица во Старо Нагоричане останува да се расчисти и да биде прооден за патнички возила. Засега оваа делница може да ја користат само товарни возила.
Над 4 милиони денари за целосна реконструкција на Итната помош и Детскиот диспанзер во Кумановo Со сопствени средства од над 4 милиони денари целосно се реконструираат објектите на Итната медицинска помош и Детскиот диспанзер во Куманово.
Црвен крст: Апел за помош на настраданото население од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија Силниот катастрофален земјотрес од 7,8 степени според Рихтеровата скала кој на 06 февруари 2023 година ги погоди Турција и Сирија предизвика големи материјални штети, повредени и човечки загуби.
За првпат и земјоделките ќе имаат платено отсуство за мајчинство, за 9 месеци ќе добијат 81.000,00 денари Жените земјоделки за првпат ќе можат да користат платено отсуство за мајчинство. Тие досега не беа опфатени со Законот за работни односи или други законски акти и не им следуваше надоместок за породилно отсуство.
Се чека целосна документација од општината за изградба на Гимназијата „Сами Фрашери“ Министерството за образование и наука чека Општина Куманово да ја обезбеди целосната документација за да започне изградбата на Гимназијата „Сами Фрашери“.
Ги запознаваме ретките болести:Денди-Вокерова малформација Во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој пациентите со ретки болести го викаат „свој“, месецот кој е редок по своите ретки 28 дена и оваа година, петта по ред, ќе се обидеме поблиску да Ве запознаеме со ретките болести. Да ги дознаеме предизвиците и проблемите со кои се соочуваат. Како ја добиваат дијагнозата? Дали има некаков лек? Колку и дали воошто се пристапни и достапни лековите?
Кумановец измамил жител на Липково, го оштетил за 400 евра Полициски службеници од СВР Куманово вчера го лишиле од слобода Т.Т.(41) од Куманово, кој се сомничи дека измамил 31-годишен жител од Липково за сума од 400 евра.
Во Рамстор Куманово хуманитарна акција за помош на настраданите од земјотресот во Турција Во маркетот на Рамстор Куманово од денеска се поставени кутии за донација за настраданите од катастрофалниот земјотрес што го погоди централното подрачје на Кахраманмараш-Пазарџик во Турција.