Аптеки „Каисер“ донираа перници и топломери во Кумановската болница Перници и топломери донираше aптеката „Каисер“ на Инфективното одделение во Општа Болница Куманово. Донацијата е само прв дел од хуманитарната акција којашто се` уште трае.
МТСП ги повикува компаниите да исплаќаат К-15 на работниците Министерството за труд и социјална политики ги повикува компаниите да ги почитуваат обврските утврдени со Закон и со Колективен договор меѓу кои е и исплатата на К-15 до крајот на годината.
Протест против аерозагадувањето - „Куманово се гуши“ Граѓанската иницијатива „Македонија се гуши“, во недела во 5 до 12, пред Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, организира протест поради големото загадување во Куманово.
76 години од битката на Дренак Здружението на армиски и полициски ветерани, утре (вторник) ќе ја одбележи 76 годишнината од битката на Дренак.
Тепачка во угостителски објект на „Октомвриска револуција“ Две лице се степале во угостителски објект на булеварот „Октомвриска Револуција“ во Куманово.
Кумановка најубава девојка на Медитеранот Девојка од Куманово е прогласена за најубава девојка на Медитеранот на интернационален избор за убавина во Анталија, Турција.
Затворениците од К`шање изработија урбана опрема Дрвени клупи, куќички за кучиња и птици, бетонски жардиниери и фонтана, изработија осудените лица во работилниците на казнено поправната установа Куманово, затвор Кшање, како дел од активностите за општо корисна работа.
Плаќал со туѓа картичка откако ги украл податоците на сопственикот Кумановската полиција поднесе кривична пријава против К.Р.(22) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Јовановска на Форум на градоначалнички од Југоисточна Европа во Сомбор Зајакнување на капацитетите на родовите политики и одговорно буџетирање е темата на Форумот на градоначалнички во Југоисточна Европа, што се одржува во Сомбор, Србија, а на кој учествува градоначалничката на Старо Нагоричане, Жаклина Јовановскa.
Без лиценца вршел превоз на дрва СВР Куманово поднесе кривична пријва против Г.С.(20) од с.Гошинце, Општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“.
Без вода дел од градот, на две места пукнала главната цевка На улицата „Доне Божинов“, на две места на растојание од 500 метри, пукнала главната водоводна цевка Ф/300, поради што голем дел од градот од сабајле остана без вода.
Убавината на Старо Куманово како занаетчиски град исполнет со слога и другарство Куманово во минатото, како што покажуваат податоците бил релативно сиромашен град кој опстојувал од земјоделство и занаетчиство, но бил град на слога и другарство каде се славело кога некој занаетчија ќе заработел повеќе пари, па сите заедно се собирале во неговиот дуќан за да прослават.
Kокаин пронајден кај кумановец Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Д.Ј. (32) од Куманово, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
Општината со аеросолизација се обидува да го намали загадувањето на воздухот Екипи од ЈП „Чистота и зеленило“, со аеросолизација во централното градско подрачје, попладнево се обидуваат да го намалат загадувањето на воздухот во градот.
Се садат дрвца на „Гоце Делчев“ и „Трета МУБ“ ЈП „Чистота и зеленило“ ќе засади 200 нови садници во центарот на градот. Акцијата ја почнаа вчера од улицата „Гоце Делчев“, а ќе продолжат на булеварот „Трета МУБ“, кон Зелениот пазар.
УЈП почна со исплата на парични средства по основ на МојДДВ Управата за јавни приходи (УЈП) започна со исплата на парични средства согласно Законот за враќање на дел од ДДВ кај физичките лица.