Филипче со детали за лекувањето на жената што почина од коронавирус Министерот за здравство Венко Филипче го појасни начинот како била лекувана 57-годишна жена во Куманово, која е прв смртен случај од коронавирус во земјата.
Спасовски: Останете дома, почитувајте ги рестрикциите за да го запреме вирусот Премиерот Оливер Спасовски попладнево на својот фејсбук профил изрази сочувство до семејството на 57-годишната жена од Куманово, која почина од Ковид-19.
Бидете херои останете дома, порача Димитриевски Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, денеска изрази сочувство до семејството на 57-годишната жена од Куманово, која денеска почина како последица од коронавирусот, а на други двајца кумановци инфицирани од коронавирус им посака побрзо оздравување.
Жена од Куманово е прв смртен случај од коронавирус во земјава, нејзиниот син позитивен Жена на 57 години од Куманово е прв смртен случај од коронавирус во земјава, а нејзиниот син е позитивен на коронавирусот, информираше министерот за здравство Венко Филипче.
Жител на Отља загина откако го затрупа земја во резервоар за вода Жител на липковското село Отља загина откако го затрупа земја во резервоар за вода на кој работел.
Прв случај на заразен од коронавирус во Куманово Едно лице од Куманово е меѓу новите 29 заболени од коронавирус во изминатото деноноќие во земјата.
Од утре полициски час од 21 до 6 часот Од утре се воведува ограничување на движењето на сите граѓани или полициски час во земјавата, соопшти премиерот Оливер Спасовски.
Општина Куманово обезбеди 4 милиони денари за справување со коронавирусот На вонредна седница, Советот на Општината денеска донесе одлука за исплата на парични средства во висина 4 милиони денари од буџетот на Општина Куманово за набавка на опрема и средства за дезинфекција за потребите на Општината.
Да се воведе полициски час во Куманово, бара Општинскиот кризен штаб Општинскиот штаб за заштита и спасување, денеска одржа состаник, при што побара од Владата да се воведе полициски час од 20 до 5 часот на територија на Општина Куманово, со посебни исклучоци за лица, кои имаат потреба од делување, потврдено со соодветно овластување од надлежни органи.
Лажни наградни игри на социјалните мрежи, граѓаните да не наседнуваат На социјалната мрежа Facebook забележани се групи кои претставувајќи се како официјални групи на правни субјекти и државни институции во нашата земја организираат разни наградни игри и ги доведуваат во заблуда граѓаните, алармира МВР.
Повозрасен кумановец се повредил со култиватор М.П.(70) од Куманово се повредил со култиватор, при обработка на земјиште во атарот на селото Проевце.
Регистрирани 9 нови случаи на коронавирус, вкупно 85 во земјата Регистрирани 9 нови случаи на коронавирус во земјата. Со ова бројката на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот, изнесува 85, - информираат од Министерството за здравство.
Затворени добиточниот пазар и бувљакот, зелените пазари работат со скратено работно време Забранета е работата на добиточниот пазар и пазарот за стари работи во селото Долно Којнаре.
Вонредна седница на Советот на Општина Куманово Советот на Општина Куманово денеска во 14 часот ќе одржи вонредна седница, на која ќе се расправа по една точка за одвојување на средства од буџетот на Општината за спроведување на мерките за справување со коронавирусот.
Сите што не ја почитуваат самоизолацијата ќе бидат спроведени во државен карантин на сопствен трошок, одлучи Владата Сите лица што не ја почитуваат мерката за самоизолација, поради коронавирусот ќе бидат спроведени во државен карантин и против нив ќе биде поведена соодветна постапка, а трошоците за време на престојот ќе бидат на нивни товар, одлучи Владата на синоќешната седница.
Се дезинфицираат јавните површини во Куманово Екипите на ЈП „Чистота и зеленило“ од Куманово, интензивно работат на дезинфекција на јавните површини во градот, каде фреквенцијата на луѓе е поголема и постои опасност од пренесување на корона вирусот.