Мени

Од денеска пониска цена на горивата

Од денеска пониска цена на горивата

Бензинот Еуросупер БС-95 и Еуродизел (Д-Е V) поевтинуваат за половина денар, Еуросупер БС-98 за денар, а Екстра лесното масло за домаќинство 1,5 денари, согласно со денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, што ќе стапи во сила од ноќеска на полноќ.

Триесет и осма седница на Советот на Општина Куманово

Триесет и осма седница на Советот на Општина Куманово

Советниците утре ќе одржат редовна седница на Советот на Општина Куманово. На дневен ред се 28 точки: годишни извештаи за минатата и програми за работа за оваа година на јавни претпријатија и институции, утврдување на вредноста на бодот за плати на две институции и др.

Момче паднало од напуштената зграда на поранешен „Житомел“

Момче паднало од напуштената зграда на поранешен „Житомел“

 Петнаесетгодишно момче од Куманово се здобило со тешки телесни повреди и пренесено е на лекување на клиниката „Мајка Тереза„ во Скопје, откако паднало од напуштента зграда на поранешната фабрика „Житомел“  во Куманово.

Со 225.000 евра европски пари ќе се реконструира поранешниот хотел „Солун“ во Куманово

Со 225.000 евра европски пари ќе се реконструира поранешниот хотел „Солун“ во Куманово

 Зградата во којашто се наоѓал хотел „Солун“ или сегашниот Клуб на ветерани во Куманово,  кој е дел од културното наследство на Општината, ќе се обновува со средства обезбедни преку проектот „Заедничка историја и култура, мост преку границите“.

ДКСК: Спасовски нема финансиска поврзаност со бензинската пумпа во Куманово

ДКСК: Спасовски нема финансиска поврзаност со бензинската пумпа во Куманово

Поранешниот министер за внатрешни работи и актуелен премиер, Оливер Спасовски, нема судир на интереси ниту пак финансиска поврзаност со отворање на бензинска пумпа и станица за технички преглед во Куманово.

Распишан конкурсот за шегобијни песни „Тумба фест“

Распишан конкурсот за шегобијни песни „Тумба фест“

Здружението за уметност, култура и заштита на културното наследство „Ризница“ од Куманово распиша конкурс за нови композиции на македонска новосоздадена народна шегобијна песна за меѓународниот фестивал „Тумба фест 2020“.

ГДУ бара одговорност за бавната реконструкција на мостот во „Перо Чичо“

ГДУ бара одговорност за бавната реконструкција на мостот во „Перо Чичо“

Граѓанско Демократска Унија (ГДУ) Куманово, бара од надлежните институции да ја санкционираат фирмата којашто врши реконструкцијата на железичкиот мост во населбата „Перо Чичо“, бидејќи го пробила договорениот рок за завршување на работата, па сега последиците ги трпат граѓаните.