Бензините поскапуваат, цената на дизелот останува иста Цените на бензините „еуросупер БС-95“ и „еуросупер БС-98“ се зголемуваат за половина денар, а дизелот и екстра-лесното масло за домаќинство остануваат со непроменети цени, објави денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Полицијата санкционирала 78 возачи, 46 возеле пијани, 32 без дозвола Во текот на изминатата недела (21-28.10.2019) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Куманово преземени се мерки и активности и констатирано е дека 67 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, од сообраќај се исклучени 78 возачи, 46 возачи кои управувале под дејство на алохол и 32 возачи управувале возила пред да се стекнат со право за управување на моторно возило.
Изложба на фотографии и документарен филм за Вања Лазарова Во фоаето на „Трајко Прокопиев" во Куманово, денеска во 13 часот, ќе се одржи изложба на фотографии и документарен филм за Вања Лазарова.
Продавал железнички шини и делови од котлара од поранешна „Кожара“ Кумановската полиција поднесе кривична пријава против В.С.(68) и „Кожара Менд“ од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривични дела „тешка кражба“ и „лажно пријавување“.
Пад на температурите и врнежливо време во втората половина на неделата Првите неколку дена ќе биде сончево и топло, а од четврток се очекува пад на температурите.
Пола Старо Нагоричане без струја Денеска од 9 до 14 часот без електрична енергија ќе останат потрошувачите на 12 села од Општината Старо Нагоричане.
Куманово започна аеросолизацијата за да го намали задувањето Општина Куманово започна со процесот на аеросолизација или распрскување на вода во воздухот, за да се налами загадувањето во градот.
Кумановец паднал од скали и тешко се повредил Кумановец тешко се повредил откако паднал од скали на објект во изградба. Несреќата се случила вчера во 16.50 часот на градилиште во с.Проевце.
Пронајдени 81 мигрант во помошен објект во Ваксинце Осумдесет и еден мигрант од земјите од Блиски Исток пронашла кумановската полиција во помошен објект на жител од липковското село Ваксинце.
Кумановец пукал со воздушна пушка во соседите СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.В.(42) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
Хидрапонична и паметна градина иновации на учениците од „Крсте Мисирков“ Учениците од СОУ „Крсте Мисирков“ од Куманово, денеска го презентираа проектот „Изработка на хидрапонична и паметна градина“, иновативно решение за училишно градинарство и органското земјоделство.
Со опел удрил во пешак, па побегнал Девојка е повредено во сообраќајна незгода што вчера попладне во селото Горно Којнаре.
Државата по 20 години му ги врати најголемите спортски објекти на Куманово, но во очајна состојба Четирите големи спортски објекти, со кои дваесетина години стопанисуваа приватни фирми, му се вратени на градот Куманово.
Лепа Брена, Џенан Лончаревиќ и Некст Тајм ќе пеат за Денот на градот Со богата музичка програма ќе биде одбележан Денот на градот - 11 Ноември и 500 години Куманово.
Пуштено во употреба игралиште за деца со попреченост Во дворот на основните училиштата „Браќа Миладиновци“ во Куманово, каде што настава посетуваат учениците со посебни потреби, денеска беше пуштено во употреба игралиште, со опрема и пристапност за лицата со попреченост.
Кумановци добија кривични пријави за фалсификување пари Кумановската полиција поднесе кривична пријава против М.И.(19) и А.О.(16), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“.