Фатени 37 возачи кои возеле без дозвола Во периодот од 14 до 21.10.2019 на подрачјето на СВР Куманово, преземени се мерки и активности и констатирани се повеќе неправилности.
Сончево и топло до крајот на неделата Времето, денес ќе биде сончево и ведро со температура која ќе достигне и до 28 степени, информираат од УХМР.
Предвремени парламентарни избори на 12 април Предвремените парламентарни избори ќе се оддржат на 12 април идната година се договорија на лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски лидерите на шест партии што имаат пратеници во Собранието, соопшти лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев.
Брат се обидел да обљуби сестра Во Кумановската полиција било пријавено дека брат се обидел да изврши обљуба врз сестра.
Секоја петта институција постои само поради директорската фотелја Речиси една петина од институциите на јавниот сектор имаат помалку од 20 вработени, со што е невозможно да функционираат, и постојат за доделување функции на партиски луѓе, заклучува функционалната анализа на УНДП на јавната администрација, објавена во мај лани.
Со нож ја нападнал сопругата на градскиот плоштад Кумановец, сред бел ден на јавно место, ја нападнал со нож сопругата со која не живееле заедно.
Заев предложи предвремени избори најбрзо што може Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, денеска на прес-конференција се обрати по повод заклучоците на Европскиот Совет, при што предложи паламентарните избори да се одржат што е можно побрзо.
Признание за Општина Куманово за креативeн развој на претприемништвото Општина Куманово доби признание од организацијата “Глобал локал”, од Хрватска, за особени залагања преку креативни идеи и решенија до одржлив развој на претприемништво во Средна и Југоисточна Европа, во категоријата најдобри локални заедници во 2019 година..
НАТО Караванот во понеделник во Куманово НАТО Караванот на Инфо центарот за евроатлантски интеграции е низ државата во посета на неколку градови.
Каде се наоѓа Живкова карпа во Куманово? Веројатно, ако направиме една анкета помеѓу граѓаните во Куманово на прашање: „Дали знаете каде се наоѓа Живкова карпа во Куманово?“, во најголем дел, скоро сите без размислување ќе одговорат дека Живкова карпа се наоѓа во атарот на селото Проевце во близина на Проевска бања, а некои би одговориле и во близина на поранешниот хотел Ку-ба и градскиот базен.
Ретроспективно-монографска изложба на уметникот Реџаи Исени Во Уметничката галерија на Куманово, вечерва во 20 часот, ќе се одржи ретроспективно-монографска изложба на уметникот Реџаи Исени, чиј автор е Гоце Божурски.
Стотина семејства добија пакети со храна на Меѓународниот ден за борба против сиромаштијата Стотина семејства од ранливите категории од Куманово, добија пакети со прехранбени производи, по повод Меѓународниот ден за борба против сиромаштија.
Над 10.000 посетители на Денови на комедија во Куманово Фестивалот Денови на комедија оваа година, несомнено ги оправда очекувањата на публиката, при што на 12 претстави оваа година присустуваат над 10.000 посетители.
Ако не добиеме датум за преговори нема ништо драматично да се случи на безбедносен план, порача Пендаровски Aко не добиеме датум за преговори нема ништо драматично да се случи на безбедносен план во државата, бидејќи тоа го гарантираат институциите, - изјави претседателот Стево Пендаровски, по прославата на Денот на Здружената оперативна команда (ЗОК), во касарната „Боро Менков“ во Куманово.
Вежбајте со најдобрата Збирка задачи по математика за 1 година Оваа збирка е создадена од тим кој на времето бил број еден во државава, а потврда за тоа е и нејзината долгогодишна употреба и интерес кој трае до ден денеска.
Изложба на слики од Струмичката ликовна колонија Во Изложбениот салон на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово, вечерва во 20 часот ќе биде отворена изложба на слики од 56-тата Интернационална струмичка ликовна колонија.