Мени

Прв случај на корона вирус во Македонија

Прв случај на корона вирус во Македонија

Регистриран е првиот случај на заразен со коронавирус на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Се работи за 50-годишна жена од Скопје, која еден месец месец била во посета на роднини во Италија и ноќеска влегла на граничниот премин Табановце.

Полициски службеник пријавен за земање мито

Полициски службеник пријавен за земање мито

 Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против И.Т. – полициски службеник во Полициско одделение Ранковце, СВР Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“, казниво по член 357 став 1 од Кривичниот законик.

Објавени телефонски броеви за пријавување на сомнителни случаи со коронавирус

Објавени телефонски броеви за пријавување на сомнителни случаи со коронавирус

На телефонски броеви во Институтот за јавно здравје и во центрите за јавно здравје во државата можат да се пријават сомнителните случаи со симптоми налик на коронавирус по пристигнување во територијата на Македонија, објави денеска Министерството за здравство.

Кабелските оператори ќе прекинат со реемитување на домашните и странските ТВ канали, освен МРТВ

Кабелските оператори ќе прекинат со реемитување на домашните и странските ТВ канали, освен МРТВ

 Здружението на информатичко-комуникациски технологии, каде што се обединети сите кабловски оператори од државата, одлучи да го прекине реемитувањето на сите домашни и странски ТВ канали преку македонските оператори, освен јавниот сервис – МТВ1, МТВ2 и Собранискиот канал.

Да се откажат екскурзиите во Италија, одлучи Владата

Да се откажат екскурзиите во Италија, одлучи Владата

 Сите основни и средни училишта, како и сите универзитети да ги одложат предвидените патувања и екскурзии во Италија, наложи Владата врз основа на препораките на Кризниот штаб за справување со коронавирусот на Министерството за здравство и на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи.

Повредените во експлозијата во Романовце сѐ уште во крајно тешка состојба

Повредените во експлозијата во Романовце сѐ уште во крајно тешка состојба

Здравствената состојба на тројцата повредени во експлозијата на плинска боца во кумановското село Романовце е крајно тешка, oсобено на двете жени кои се наоѓаат на интензивно лекување и нема никаква промена во однос на нејзино подобрување, тврдат лекарите.

Тестирањата на сомнителни случаи од корона вирус ќе се вршат и на Инфективнoто одделение во Куманово

Тестирањата на сомнителни случаи од корона вирус ќе се вршат и на Инфективнoто одделение во Куманово

Од Министерството за здравство соопштуваат дека во земјата има доволно реагенси за тестирање на корона вирусот, а доколку се јави потреба за превенција од истиот, Инфективниот центар во Штип ќе функционира како објект за изолација, а тестирањата на сомнителните случаи ќе се вршат на Инфективните клиники во Скопје и Куманово.

Ден на жалост во Куманово, поради трагедијата во Романовце

Ден на жалост во Куманово, поради трагедијата во Романовце

Советот на Општина Куманово, денеска на вонредна седница донесе одлука вторник да биде прогласен за Ден на жалост, поради трагедијата која го снајде семејствата Алими и Сакипи во селото Романовце. Во несреќата загинаа три деца и еден повозрасен член на семјствотот, а уште 6 лица се борат за живот.