Возач со автомобил удрил во жена и побегнал Педесет и тригодишна жена е тешко повредена откако вчера ја удрил автомобил на локалниот пат во село Љубодраг.
Санкции за кумановец, вршел превоз на стока без лиценца Во близина на касарната во Куманово, денеска напладне полициски службеници извршиле контрола на товарно моторно возило „ман“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, а управувано од В.М.(26) од Куманово.
Приведена инспекторка поради примање поткуп Градежнa инспекторка во Oпштина Куманово, денеска била приведена откако била затекната како прима поткуп од 4.000 евра.
Потребни се уште 134.000 евра за целосно довршување на спортската сала во Куманово Општина Куманово ќе обезбеди дополнителни 8,26 милиони денари или 134 илјади евра од развојната програма за 2024 година, кои ќе се искористат за целосно завршување на спортската сала во Куманово.
Давитковски, Фазлији, Димитриевски и уште три правни лица, добитници на Ноемвриската награда за 2024 Три физички и три правни лица се добитници на годинешната Ноемвриска награда, одлучи Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување на награди и признанија на Советот на Општина Куманово.
Каде се трите нови градинки што ги вети Димитриевски, прашува Левица Во предизборната програма од 2021 година, градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски вети три нови градинки, и тоа во населбите Зелен рид и Карпош, и во урбаната единица „Бајрам Шабани“, но тие до ден денес останаа само на хартија, потсетуваат од партијата Левица.
Зголемен е бројот на измами за добивање на лични податоци, МВР ги повика граѓаните да внимаваат Зголемен е бројот на измами кои опфаќаат фишинг-напади и случаи на лажно претставување во име на министерот за внатрешни работи и директорот на Бирото за јавна безбедност, велат од МВР.
Од утре нема поевтини производи од „есенската кошничка“, Владата најавува строги контроли Воведување на поригорозни мерки најавува Владата доколку драстично се зголемат цените на основните прехрамбени производи, откако мерката „eсенска кошничка“ престанува да важи од утре.
Прво место за невестинска фризура за студио „Нате“ на меѓународен натпревар во Италија Наташа Додевска, сопственичката на Фризерското студио „Нате“ од Куманово, освои прво место за невестинска фризура на меѓународен натпревар на фризери во Италија.
Уште една жртва на магистралниот пат во населбата Карпош Едно лице загина вчера откако било удрено од автомобил на магистралниот пат Куманово - Крива Паланка, во населбата Карпош.
Без струја денеска и утре дел од градот и повеќе села Денеска и утре без струја ќе останат потрошувачите на повеќе улици во градот, населби и села.
Хуманитарен базар за помош на Александра Митровска во Куманово Во фоајето на Центарот за култура во Куманово во сабота, 2 ноември, со почеток во 12 часот ќе се одржи хуманитaрен базар за помош на Александра Митровска, 21-годишна кумановка која се соочува со последиците од церебрална парализа, и на која и е неопходна помош.
Бесплатниот автобуски превоз ќе продолжи до крајот на годината и ќе чини уште 180.000 евра, за две години потрошени се над 2 милиони евра Мнозинството во Советот на Општина Куманово, коалициjата на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, на вчерашната седница го прифатија предлогот да продолжи субвенционирањето на линискиот превоз до крајот на 2024 година.
Петмина мигранти побарале помош во Кумановската болница Мигранти од Ирак и Авганистан побарале лекарска помош во Кумановската болница со повреди по телото, откако биле нападнати.
Без струја неколку села и улици во Куманово Денеска без струја ќе останат потрошувачите на неколку села и улици во Куманово.
Цената за приклучок на гас се зголемува за 55 отсто, ќе чини 1.250 евра За 55 проценти се зголемува цената за приклучок на гасоводната мрежа на ЈП „Куманово гас“.