Презентација на Еразмус Плус во „Перо Наков“ Во средното училиште „Перо Наков“ вчера двајца волонтери од Португалија кои волонтираат во Мозаик волонтерски центар, ја презентираа програмата Еразмус Плус.
Кумановските сметководители на обука во УЈП Во Даночно одделение Куманово денеска се одржува обука за сметководители.
„Кумановски графичари“ во Велес Во ликовниот салон Велес во Народниот музеј утревечер во 19 часот, ќе биде отворена изложбата „Кумановски графичари“.
ВМРО-ДПМНЕ организира крводарителска акција Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ општински комитет Куманово, утре организира крводарителска акција.
„Српски вез“ и општина Старо Нагоричане организираат изложба Во Центарот за млади во општина Старо Нагоричане утре, ќе биде отворена изложба со носии, украси, сувенири, фотографии.
Планинарското друштво „Куманово“ го избра најдобриот планинар Бобан Стефановски од Куманово е избран за планинар на годината во планинарското друштво Куманово.
Во првата недела од февруари 206 заболени од грип Центарот за јавно здравје Куманово во првата недела од февруари, регистрирал 206 лица заболени од грип во градот.
Алексовска:Мисајловски бара оправдување за доставени, а нереализирани проекти Секретарот на општина Куманово, Валентина Алексовска денеска на прес-конференција ги отфрли обвинувањата на министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски дека општината ги кочи проектите кои се во интерес на граѓаните.
„Отворени денови“ во Центарот за вработување Куманово Во Центарот за вработување Куманово денеска се одржуваат „Отворени денови“, на кои раководството од Агенцијата за вработување ќе се сретне со невработените и работодавачите.
ДРОМ се вклучува во проект за спречување на дискриминација ДРОМ заедно со Асоцијацијата за демократска иницијатива (АДИ) Гостивар и Асоцијација иницијатива за социјална промена (ИнСоК) Скопје, го спроведуваат проектот „Граѓанското општество во акција за еднаквост“.
Во Куманово ќе се гради скејт парк Во Куманово ќе се гради современ и модерн скејт парк за младите кои се занимаваат со екстремни спортови.
Бесплатни часови по латино танци во Куманово Во клубот „Сајфер“ во Куманово вечерва во 20 часот, ќе се одржи бесплатен час по латино танци.
Анкета за безбедност и здравје при работа во Куманово Во кумановски претпријатија со различни дејности, месецов ќе се спроведе анкета за безбедност и здравје при работа.
Дигитален апарат запленет на Табановце Минатата недела на граничен премин Табановце е запленет 1 дигитален фотоапарат со полнач, објектив и 1 ранец.
Земјоделците организираат посета на саем во Бугарија Здружението на земјоделски производители Куманово, месецов организира посета на меѓународен земјоделски саем во Пловдив, Бугарија.
Предавање за убоди од инсекти Во клубот „Х.Т.Карпош“ утревечер со почеток во 18 часот, ќе се одржи предавање за убоди од инсекти во организација на пчеларското друштво „Пчела“.