Нови седум случаи на ковид-19 во Куманово Во Центарот за јавно здравје во Куманово во изминатите 24 часа регистрирани се нови седум заболени од коронавирус.
Приведен кумановец затоа што ја нападнал неговата девојка на улица Во Полициската станица Куманово, синоќа во 19.20 часот бил приведен А.Ј.(25) од Куманово, затоа што претходно во угостителски објект на ул „Гоце Делчев“ во Куманово физички ја нападнал својата девојка.
Советниците утре ќе одлучуваат за задолжување на Општина Куманово Советниците утре ќе расправаат по предлогот на Општина Куманово за долгорочно задолжување за набавка на опрема за јавните претпријатија, откако минатата недела беше одржана јавна расправа.
Куманово ангажира 17 образовни асистенти за помош на учениците со попреченост Општина Куманово ангажираше 17 образовни асистенти за помош и поддршка на ученици со попреченост во седум основни и средни училишта во градот.
Шенка Колозова ја доби наградата „Васил Иљоски“ на Денови на Комедија Наградата „Васил Иљоски“, која од оваа година ќе се доделува на фестивалот Денови на комедија на актери кои дале особен придонес во културата и актерската игра, годинава ја доби актерката Шенка Колозова.
Отворен фестивалот Денови на комедија во Куманово Со претставата „Меѓуигри 0-24“ на босанскиот актер Зијах Соколивиќ, синоќа беше отворен Меѓународниот фестивал „Денови на комедија“ во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.
Седница на Советот на Општина Куманово, на дневен ред 40 точки Советот на Општина Куманово утре ќе одржи редовна седница. На дневен ред се дури 40 точки, а ќе се расправа за предлогот за задолжување, годишните извештаи за работа на средните училишта, финансиски извештаи на јавните претпријатија и др.
Еден починат и тројца новозаболени од коронавирус во Куманово Во Центарот за јавно здравје во Куманово во изминатите 24 часа регистрирани се еден починат, тројца позитивни и тројца оздравени од ковид-19.
Горивата остануваат по иста цена Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која малопродажните цени на Еуросупер БС-95, Еуросупер БС-98, Еуродизел (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) остануваат на исто ниво како минатата недела.
Започнува фестивалот „Денови на комедија“ Со кабаре-претствата „Меѓуигра 0-24“ босанскиот актер Зијах Соколовиќ, вечерва започнува Меѓународен тетарски фестивал “Денови на комедија – Куманово 2020“. Фестивалот ќе трае до 10 октомври.
Меѓународниот фестивал на кратoк филм „Филмај“ во Куманово Во големата сала на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово, утре со почеток во 19 часот, ќе се одржи второто издание на Меѓународен фестивал на кратoк филм „Филмај 2020“, во организација на Фото-кино клуб „Козјак“ – Куманово.
Во Кумановската болница лекар нападнал колега Лекар од Интерното одделение во Општа болница Куманово пријавил дека бил физички нападнат од негов колега.
Советот ќе ги разгледува барањата на училиштата за организирање настава со физичко присуство Советот на Општина Куманово утре ќе одржи редовна седница на која треба да ги разгледа и да даде согласност на барањата на основните и средни училишта за организирање на настава со физичко присуство.
Нови четворица позитивни на ковид-19 во Куманово Во последните 24 часа регистрирани се 148 нови случаи на ковид-19, а направени се 1.224 тестирања, информира Министерството за здравство.
Платежни картички од 6000 денари за пензионери, самохрани родители, невработени и студенти Платежни картички за купување на домашни производи од 6.000 денари за пензионерите, самохраните мајки, баратели на работа, студенти и ученици, најави Владата со четвртиот пакет економски мерки.
Двајца починати, 16 новозаболени и 14 оздравени од коронавирус во Куманово Во последните 24 часа регистрирани се 143 нови случаи на ковид-19, а се направени 1504 тестирања. По градови во: Скопје 43, Куманово 16, Кочани 15, Струмица 11, Прилеп 9 и др.