Полицаец делел политички матерјал, двајца раководители не спречиле поткуп, кажа министерот Чулев Полициски службеник делел пропаганден матерјал на штанд на политичката партија, а двајца раководители не спречиле политички поткуп, обвини министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, по денешната посета на СВР Куманово.
Да помогнеме заболените да го победат коронавирусот, порачуваат здравствените работници, кои донираа крвна плазма Тројца кумановци - здравствени работници во Општата болница во Куманово, кои прележаа ковид-19 вчера даруваа крвна плазма за лекување на заболените од коронавирус во земјата.
Чистењето ѓубре е борба со ветерници, но нема да се откажам, вели Јована Спасиќ, еко-активистка Главен фактор за нехигиената во Куманово е некултурата на граѓаните, бидејќи сите локации кои индивидуално или колективнo биле чистени од страна на активисти, за една недела повторно се враќале во старата состојбата, вели оваа млада девојка која сонува еден ден и нејзиниот град да биде чист и зелен, по примерот на европските.
По еден новозаболен од коронавирус во Куманово и Липково Во Куманово и Липково има регистрирано по еден нов случај на ковид-19 во изминатото деноноќие.
Имаме со што да се пофалиме и гордо ја бараме поддршката на граѓаните, кажа Костовски Куманово е убаво место за живеење, кумановци се луѓе кои што заслужуваат многу повеќе. СДСМ во изминатиот период ги оствари своите главни програмски определби. Ја покачивме минималната плата на 14.500 денари, 27.000 денари е просечната плата. Ова го потенцирам, бидејќи не го истеравме мандатот од 4 години до крај. Се случи техничка влада, имаме квантен скок на субвенциите, на платите во здравството и образованието, обештетени стечајни работници, рече кандидатот за пратеник Мартин Костовски на коалицијата на СДСМ во Изборна единица 2.
Со бројни проекти ќе ги решаваме проблемите во образованието, порача Димковска Образованието претставува еден од главните темели на секое општество, стратешки приоритет на нашата држава и за тоа е неопходно постојано вложување во квалитетно, модерно и ефикасно образование, порача на денешната прес-конференција Кети Димковска, кандидат за пратеник во ИЕ 2 на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово.
Без проблеми течат подготовките за изборите, кумановци ќе гласаат на 167 избирачки места Општинска изборна комисија Куманово, интензивно се подготовува за претстојните парламентарни избори кои треба да се одржат на 15-ти јули.
Oд денеска отворени границите, без обврска за тест и карантин Од денеска целосно се отвораат сите гранични премини во државата со што македонските државјани и странците непречено ќе влегуваат и излегуваат од земјата.
41 прекршок за неносење на заштитна маска изминатото деноноќие во Кумановско Кумановската полиција изминатото деноноќие регистрирала 41 прекршок за неносење на лична заштита на лицето.
Јавна објава на ценовникот на Kumanovonews.mk за платено политичко рекламирање за избори 2020 Согласно Изборниот законик и роковникот за извршување на изборните дејствија за претстојните предвремени парламентарни избори, порталот Kumanovonews.mk ја објавува својата Понуда за платено политичко рекламирање за учесниците во изборната кампања.
Почнува етапната исплата на јунските пензии Од утре (петок) почнува исплатата на јунските пензии. Со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот исплатата на пензиите ќе се одвива етапно.
Уништен водопадот во Длабочица - наубавиот природен предел во Козјачијата, случајот пријавен во полиција Непознати лица со механизација го уништиле водопадот во селото Длабочица, Општина Старо Нагоричане, еден од најживописните и најзелени предели во Козјачието.
Предвидуваме сериозни инвестиции во индустриската зона во Куманово, порачаа Мисајловски и Петрушевски Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборната листа во ИЕ 2, Владо Мисајловски, денеска по средбата со граѓаните во Куманово, ја посети и индустриската зона Речица, за која кажа дека додека тој бил министер за транспорт и врски обезбедил инвестиција, но досега речиси ништо не е направено.
Кривични пријави за двајца кумановци, не седеле во самоизолација Кумановската полиција поднесе две кривични пријави против М.Д.(36) и А.М.(40), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.
Во Куманово 7 новозаболени од коронавирус, во Липково шестмина Вкупно 13 нови случаи на ковид-19 се регистрирани во Центарот за јавно здравје Куманово. Од нив 7 се во Куманоско и шестмина во Липково. По села во Оризаре-3, во Липоково-2 и еден во Слупчане.
Невладина организација продава кафе и сок на Градскиот кеј На Градскиот кеј во Куманово, поставена е куќичка - штанд за продажба на кафе, сладолед, освежителни пијалци, сок и вода.